Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците на СДСМ ја напуштија седницата за пратенички прашања

0
By Zoran Ivanov on December 16, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 16, 2025 15:25

 Пратениците од опозициската СДСМ денеска ја напуштија собраниската седница на која во тек се опозициски пратенички прашања, а откако координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски упати критика до власта, односно до одредени министри дека не се присутни на седницата, но и во однос на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од владејачката коалиција.

Прво, во однос на пратеничките прашања за коишто гледаме дека практично не се присутни оние на коишто треба да им се поставуваат. Пратеничката група на СДСМ побара до премиерот, од оправдани причини тој не е тука, меѓутоа по Деловник имаше право да назначи заменик.

Вчера на координација утврдивме дека треба да доставиме нов список. На новиот список ставивме двајца министри, министерот за економија и министерот за животна средина. Тие не се тука. Значи, нема цел да имате опозициски пратенички прашања, кога тие коишто треба да ги прашате не се тука, а се должни да бидат тука и да одговараат пред народното Собрание, рече Спасовски.

Тој со забелешка и за рокот во кој е доставен Законот за Судски совет, за кој кажа дека тие како опозицијата го поддржуваат, но и во однос на Резолуцијата, со која како што вели, се осудува опозицијата, што досега не се случило во парламентарната демократија.

Колку и да е кревка таа демократија, ќе разбереме ваков предлог во 90-та година. Во 2025 година резолуција со која што се осудува опозицијата, апсолутно е неприфатливо. Второ, резолуција со која што ги ништите сите одлуки на владата, а на тој начин и овие веројатно коишто се донесени до сега одлуки на Владата, а се однесувале на мигрантската криза, па и оваа која што е денеска на дневен ред, дека по предлог на Владата се бара кризна состојба да се прогласи повторно, таа ви е ништовна одлука. И вие на основа на ништовна одлука, сакате да донесете нова одлука на Собранието, рече Спасовски и додаде дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во работата на оваа седница.

 

 

напуштија СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.