Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците ја започнуваат 2018 со уставните судии и законот за јазици

0
By Нова ТВ on January 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 8, 2018 16:57

Со утрешното продолжение на 27-та пленарна седница на која на дневен ред се и изборот на уставни судии и Предлог-законот за употреба на јазиците, Собранието ја започнува работата во 2018 година и интензивната агенда најавена за првиот месец од годинава. Закажани се продолженија на вкупно шест седници, и две собраниски комисии. Засега се уште е неизвесно дали пратениците од опозициската партија ќе се вклучат во работата на Собранието.

Очекувањата се дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави идните чекори на партијата, меѓу кои и делувањето на пратениците, како што пред некој ден во интервју најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Утре напладне најавено е најнапред продолжение на 27. седница, на која на дневен ред се, меѓу другото, Предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија, Предлог на закон за употреба на јазиците, во второ читање, измени и дополнувања на Законот за работните односи, прво читање, поднесен од 11.868 избирачи, во прво читање и неколку други закони и одлуки.

На 26-та седница на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, на 22-та се реформските измени и дополнувања на Законот за заштита на сведоци и Предлог на закон за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, двата по скратена постапка.

Закажани се и продолженија на 11-та, 13-та и 15-та седница, со по неколку точки на дневниот ред.

Во Собранието треба да се одржат и продолженија на собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Пратениците во јануари ќе имаат интензивна агенда имајќи ги предвид веќе закажаните седници на комисии и пленарни седници, како онаа за ратификација на Договорот со Бугарија (15 јануари) и обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг (18 јануари). Најавени се и други активности како средбата во рамки на процесот Жан Моне на 25 и 26 јануари во близина на Париз и друго.

Како што објавик вчера ТВ 24, повикувајќи се на партиски извори, од утре во собраниските клупи треба да се вратат и пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Сешак оваа информација никој од партијата не ја потврдува.

2018 Закон за јазици Собрание уставни судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.