Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците кои ги отворија вратите на 27 април на распит во ЈО

0
By Нова ТВ on October 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 24, 2017 09:05

Во Јавното обвинителство денеска ќе започне распит на пратениците од опозицијата чии што имиња се споменуваа како помагачи на толпата која што на 27. април, оваа година, влезе во Собранието на РМ со намера да се пресмета со тогашната опозиција, објави порталот судство.мк, повикувајќи се на неофицијални информации.

Денеска на распит пред Јавен обвинител треба да се појават пратениците Крсто Мукоски од Вевчани и Сашо Василевски од Охрид, односно лицата за кои безбедносните, но и телевиските камери покажаа дека стојат зад отворањето на вратите на Собранието со што толпата имаше непречено движење се до салата каде пратениците со кои тие планираа физички да се пресметаат. Според истите сознаниија следните неколку дена ќе бидат распрашани и другите пратеници за кои беше кажано дека со преупатување и помогнале на толпата полесно да се снајде во Собранието.

МВР ги идентификува пратениците кои ги отворија вратите на Собранието

На листата на „помагачи“ се најдоа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ: Јохан Тарчуловски, кој во меѓувреме стана кандидат за градоначаник, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Трајко Вељаноски и веќе споменатите Крсто Мукоски и Сашо Василевски. Всушност, имињата на овие пратеници прв, на својот фејсбук профил, кратко време по вандализмот, ги посочи потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, но токму Мукоски беше тој кој што ја негираше неговата инволвираност во бруталните случувања.

„Јас не сум ја отворил вратата на парламентот. Точно е дека бев во ходникот, дали е тоа забрането? Јас имам право да се движам слободно насекаде низ Собранието. Ја видов снимката и не гледам од каде е изведен заклучок дека јас сум ја отворил вратата. Се е шпекулација. Истрагата ќе покаже кој го сторил тоа“, изјави Мукоски за медиумите кои, пак, ги презентираа снимките од безбедносните камери, а кои го покажуваат токму спротивното, односно дека тој и Василевски ги отстрануваат металните држачи кои ги блокираат вратите, по што толпата влегува во Собранието.

На 30. април 15 лица беа осомничени за сторени кривични дела: учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие и за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Во меѓувреме, многу од насилниците се најдоа зад решетки со обвиненија за обид за убиство, а еден од обвинетите веќе е осуден на четири години затвор.

27.април Василевски врати ЈО Мукоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.