Министерството за внатрешни работи почнало да ги идентификува пратениците кои им ги отворија вратите на Собранието на насилниците, информираат од МВР.

„СВР Скопје, исто така, до Основното јавно обвинителство Скопје достави и две Известувања од кои едното се однесува за превземени мерки и активности во врска со Наредба за утврдење на целосни лични податоци за вкупно седум лица – пратеници во Собранието на Република Македонија, а другото Известување се однесува за досегашни преземени мерки и дејствија“, пишува во соопштението на МВР.

На снимките кои пред неколку дена ги објавија телевизијата „Телма“ и „360 Степени“ на „Алсат“ се гледа дека меѓу пратениците кои ги отвораат вратите на демонстрантите се Крсто Мукоски и Сашо Василевски.