Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по трет пат поднесоа закон за намалување на акцизите за 50 отсто , вели Стојаноски

0
By НОВА ТВ Terziova on June 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 2, 2022 08:45

На 5 мај заедно со координаторот на пратеничката група во името на целата пратеничка група, поднесовме закон за намалување на акцизите за од прилика 50%, кој што го поднесуваме трет пат, претходните два пати ни беше одбиен. Во текот на вчерашниот ден поднесовме закони за намалување на ДДВ за прехранбени производи од 5% на нула, како и на енергенсите бензинот и дизелот од 18%, овој пан на 5% затоа што сметаме дека тоа е начинот на кој што треба да им се помогне на граѓаните. Денеска сабајле повторно ги повикавме власта и владејачкото мнозинство да закажат веднаш, итна и неодложна седница, каде што пратениците ќе ги изгласаат овие закони со кои ќе им помогнеме на граѓаните, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во неговото вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М.

Стојаноски се осврна и во однос на претстојниот ребаланс на буџет кој што треба да влезе и во собраниска процедура и за кој вели дека не е добро дизајниран и дека економскиот тим на владата која го подготвила треба под итно да си поднесе оставка, затоа што тие се тие кои Македонија ја донесоа во дереџе каде што инфлацијата е највисока од 1994 година.

„Најмалку што може економскиот тим на владата да направи за да ја подобри ситуацијата е да даде целокупна оставка, од прв до последен. Затоа што овие економски политики кои што овој тим ги донесе не донесоа до ова дереџе да имаме највисока инфлација од 1994 година наваму, за 30 дена потрошувачката кошница за 1300 денари, 400 милиони евра велеа дека дизајнирале мерки кои што видовме какви резултати дадоа. А, што да очекуваат сега граѓаните кога нема мерки и тек допрва оваа Влада и овој економски тим прави анализи. Какви дополнителни анализи треба да се направат“, запраша Стојаноски.

Тој додава дека антикризните мерки кои што до сега власта ги преземаше беа апсолутно задоцнети и нецелосни.

„Мерките се апсолутно задоцнети и она што треба да се каже, доста со онаа флоскула во ребалансот на буџетот се предвидени, чинам 76 милиони евра, помош за кризата. И сега логични прашања се поставуваат, ако 400 милиони евра, како што велат, не го решија проблемот како ќе го решат проблемот 76 милиони евра? И второто логично прашање, нека излезат и нека кажат, со кои конкретни мерки тие 76 милиони евра ќе бидат потрошени? Јас ова прашање го наметнувам, дали тие 76 милиони евра може да се дадат за ликвидност на ЕЛЕМ, тие пари повторно да отидат во ЕЛЕМ за помагање на претпријатието, а нема да завршат кај граѓаните“, запраша Стојаноски.

Во однос на законското решение со кое се овозможува добивање на субвенции на земјоделците, кој вчера помина на собраниска седница, Стојаноски вели дека не се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тие кои што го попречуваа носењето, туку пратениците на власта кои не можеа да обезбедат кворум за одржување на седница.

„Љупчо Николовски наместо да држи прес конференции пред собранието, требаше уште пред четири недели да дојде на комисијата која што беше закажана, а која што владиното мнозинство, прво не обезбеди кворум за одржување на таа седница, а второ немаше ни владин претставник. Ние вчера едногласно го изгласавме законот за помош на земјоделците, еве го повикувам Љупчо Николоски уште денеска да почне да ги исплаќа субвенциите. Но нема да почне, заради тоа што во буџетот нема пари, буџетот не е ликвиден, затоа што наместо да исплаќаат пари кон земјоделците, наместо да се помага кон земјоделците, ние исплаќаме 1,4 милиони евра грантови кон семејните фирми на Зоран Заев. Не може тоа така, треба да има приоритети, и еве ние сме тука како опозиција и нашиот став е многу јасен и принципиелен. Ќе помагаме и ќе учествуваме во сите закони преку кои што треба пари да завршат кај граѓаните, но не и на закони кои ќе значат лично богатење на коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ“, рече Стојаноски.

Бојан Стојаноски ВМРО ДПМНЕ криза Македонија храна цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.