Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред ТЦ „Мавровка“ никнува објект, наместо ново кафуле на место на опожареното

0
By Нова ТВ on July 14, 2020 ВЕСТИ
Фото: sdk.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Објект пред ТЦ „Мавровка“, на местото на кое пред два и пол месеца изгоре кафуле, ја доби првата плоча. Чаирскиот градоначалник Висар Ганиу по пожарот рече дека ќе следува реновирање на постоечкиот локал и уверуваше дека ќе нема тврда градба, но актуелната состојба на лице место не соодветствува со тогашните најави. И се чини дека нема да запре на тоа, со оглед на поставената арматура за столбови за нова подлога за втор спрат.

Она што се поставува како дилема е (не)легалноста на објектот. Ганиу, по несреќниот настан на почетокот на мај, истакна дека градежните зафати што ќе следуваат ќе бидат во насока на враќање на објектот во првобитната состојба пред пожарот, а пред само две недели за sdk.mk изјави дека таква дозвола е издадена од Општина Чаир. Меѓутоа наместо задржување на основно ниво, објектот сега добива на катност.

Градоначалникот на Чаир во таа прилика уверуваше дека објект на местото нема да се гради, дека повторно ќе биде кафуле, како што и беше и дека ќе биде така укажа дека и општинските инспектори излегле на терен и оти се постапува соодветно. Покрај градилиштето, „обвиткано со мрежа, не е поставена никаква табла на која би требало да биде истакнат кој е инвеститор, за каков тип на објект станува збор и на колку спратови ќе биде.

Постапувајќи по допрен глас од јавноста за нелегални градежни активности во реонот на ТЦ „Мавровка“, од страна на Директорот на БЈБ при МВР се преземени соодветни мерки и активности и издадена е усна наредба до Единицата за Економски и Компјутерски криминал (ЕЕКК) за утврдување на основи за постоење на елементи на кривично дело што се гони по службена должност.

„Откако се утврдени елементи што упатуваат на постоење докази за сторено кривично дело по чл. 244-а ,,Бесправно градење“ што се гони по службена должност, изготвено е Писмено известување до ОЈО Скопје и воедно се преземени активности за документирање и процесуирање на предметниот кривично-правен настан. Извршени се проверки во Општина Чаир, во Државниот Градежен Инспекторат, во Агенцијата за културно наследство и на ден 14 јули, полициски службеници од ЕЕКК во координација со УПС и Крим Техника излегоа на лице место со цел да се документира фактичката состојба. На лице место се затекнати двајца работници и едно лице кое се претстави како сопственик на предметната парцела, односно имот и кој што приложи соодветна документација, тврдејќи дека ја поседува целокупната потребна документација за градба. По документирање и откривање на наводите од предметниот кривично- правен настан по што ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Скопје против сите сторители на кривичното дело што се гони по службена должност“ се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Висар Ганиу Кафуле Македонија Објект ТЦ „Мавровка“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.