НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предизборни кривични пријави за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

1
By Нова ТВ on September 22, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четворица актуелни градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ изминатиов месец добија кривични пријави од Министерството за внатрешни работи (МВР) за злоупотреба на службената положба за случаи стари по неколку годни. Досега кривични пријави се поднесени против градоначалниците на Велес, Славчо Чадиев, на Штип, Илчо Захариев, на Неготино, Ванчо Апостолов, а денеска кривична пријава му е поднесена и на градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Двајца од овие градоначалници, Захариев и Чадиев, се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори, а Апостолов и Талески нема да се борат за уште еден мандат. Делата за кои се осомничени се за договори без тендер, прекршување на Деловник за работа на општината, незаконско поставување на в.д. директор на основно училиште, штетни бизнис зделки за локалниот буџет…

Кривичните пријави против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се поднесуваат непосредно пред локалните избори. НОВА ТВ вчера побара одговор од МВР зошто токму сега се отвораат овие случаи. Одговорот што денеска го добивме го пренесуваме во целост.

„Процедурите и постапките во полициското работење, вклучително и при оперативно-истражното дејствување подлежат на прецизни законски и подзаконски норми (Закон за полиција, Закон за внатрешни работи, ЗКП, итн.). Застареноста на делата исто така е законски регулирана согласно одредбите од КЗ на РМ.

Следствено на тоа, а во врска со случаите што се наведени од ваша страна ве информираме дека факторот време е второстепен по однос на законитоста на истражната постапка и квалитетот, односно издржаноста и валидноста на собраниот доказен материјал.

Оттаму, а согласно јасно прокламираните заложби на МВР – за максимално професионално и легалистичко работење и постапување, во изминативе неколку месеци тие случаи, како и многу други по разни основи, беа внимателно и темелно работени и во моментот кога надлежните организациони единици процениле дека е направено се што е потребно, така документирани – истите се проследени на натамошно законско процесуирање“, велат од МВР.

Оттаму додаваат и дека МВР нема мандат да обвинува или осудува, туку само да ја истражува и документира законитоста на дејствувањето согласно Кривичниот законик на РМ и другите закони во делокруг на полициското работење.

Според политиколог, Петар Арсовски, демократски ќе беше ако овие кривични пријави беа поднесени по изборите.

„Според демократските стандарди се избегнува користење на вакви методи пред изборна или за време на изборна кампања. Затоа што ова е нешто што реално влијае на изборите. Можно е  МВР да немало друга опција освен да ги поднесе кривичните пријави. Ако имало шанса кривичните пријави да почекаат по изборите, тоа ќе беше многу подемократски. Вакви работи треба да се избегнуваат во демократски држави“, изјави Арсовски за НОВА ТВ.

 

Петар Арсовски

Став побаравме и од невладината МОСТ, која веќе 15 години ги следи изборните процеси во земјава. На прашањето дали со кривичните пријави се злоупотребаат државните институции за партиски цели, оттаму одговорија:

„За да може да се искаже став за ова прашање мора да знаеме кога точно се поднесени овие пријави и од кого се поднесени. МОСТ ги нема овие информации, тие единствено може да се добијат од релевантните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.

Од друга страна, го имаме случајот на градоначалникот на Кавадарци, кој започна пред распишувањето на изборите, а постапката заврши 10-ина дена откако изборите беа распишани, односно подолго време пред почетокот на изборната кампања. Дури откако ќе се утврдат сите овие детали можеме да цениме дали има злоупотреба на институции за партиски цели“, велат од МОСТ.

МВРО во време на ВМРО-ДПМНЕ

МВР за време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ беше препознатливо како МВРО, бидејќи така го нарече екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во еден од прислушуваните разговори кои ги објави СДСМ. Ова Министерство за време на претходните изборни кампањи, ја имало клучната улога во изборни нерегуларности, за што и Специјалното јавно обвинителство го отвори случајот „Титаник“.

Според обвинението за овој случај, во МВР била ангажирана целокупната човечка и техничка
инфраструктура, а во целиот процес освен министерката, удел имале и полициските службеници и командири на полициски станици.

Полицискиот врв во време на ВМРО-ДПМНЕ

Министерката Јанкулоска во разговор со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и со друг соговорник самата најдобро го илустрира тоа.

„На работа сме си сите ние, кај нас штаб имаме. Мислам, имаме два штаба, еден штаб кај мене на спрат, кој е месен комитет на ВМРО, кол-центар, све има кај нас, а другиот ни е доле у сала кај шо доаѓаат амбасадориве, ОБСЕ, овој-оној, и ја повремено таму улетувам, да видат амбасадориве дека све е океј, и после си се качувам кај мене на спрат и си работиме партиски работи. Така сме ние организирани. Ако сакаш дојди ни у контрола да видиш како работи кол-центарот…“, му вели Јанкуловска на Божиновски.

„Ние во МВР, во ВМРО-МВРО… за разлика од другиве институции не се ни устручаваме, ни ништо“, вели министерката за внатрешни во објавените снимки.

Во „бомбите“ што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, можеше да се слушне и како Јанкулоска и останатите функционери од ВМРО-ДПМНЕ ги штитат своите и како екс министерката бара да се отфрлат пријавите до Внатрешна контрола во МВР за полицајци вмешани во криминални дела.

Кривични пријави за четворица градоначалници

Владимир Талески

Денешната кривичната пријава против градоначалникот на Битола, Владимир Талески, СВР Битола соопшти дека ја поднело постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство Битола, во врска со предметот „Транспортер 2“, за распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година. Талески и четворица вработени во општината се осомничени за две кривични дела – “Несовесно работење во службата“и “Злоупотреба на службена положба и овластување“. Според кривичната пријава, осомничените ја оштетиле општина Битола за 70.000 евра.

Илчо Захариев

Вчера кривична пријава за злоупотреба на службената положба доби и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, кој и на претстојните избори ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Тој, според пријавата, е осомничен дека спротивно на законите склучил штетен договор со фирма од Штип. Според пријавата, Захариев, наместо да изврши наплата на 30.000 евра за уредување на градежно земјиште за изградба на објект во Индустриската зона Штип, градоначалникот наплатил само 5.000 евра со што и нанел штета на општина Штип, а на правното лице му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 25.000 евра.

Захариев вчера изјави дека станува збор за политичка пресметка.

„Морам да кажам дека за секој проект имаше кривична пријава досега. Околу 40 истраги. Досега ниту една не е процесиурана. Никогаш нема да дозволам да се направи нешто незаконско и што ќе биде предмет на сомнежи. Ги повикувам да го истражат случајот докрај и да видат колку МВР работи за една политичка партија во овој момент“, вели Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Три кривични пријави му се поднесени на градоначалникот на Неготино од ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Апостолов. Според првата пријава, Апостолов во 2014 без тендер склучил договор со веб-портал од Неготино за рекламирање и текстови за тековното работење на општината за сума од 1300 евра. Вакви договори со истиот портал, соопшти МВР, Апостолов склучил и во наредните 3 години, со што вкупната сума за која е осомничен дека ја оштетил општината изнесува 7800 евра.

Ванчо Апостолов

Втората пријава е за случај од 2015. Апостолов донел решение за постапување на в.д. директор во основно училиште, а според кривичната пријава, „спротивно на член 135 ст.4 од Законот за образование  дури на 20.07 донел решение за престанување на вршењето на должност в.д., спротивно на прецизно нормираните рокови за извршување на мандат на  “вршител на должност“.

Третата кривична пријава против Апостолов, е за ослободување од плаќање на комуналии за изградба на фотонапонска електроцентрала. Според МВР, тој издејствувал Советот на општината на 15.12.2015 година да донесе одлука со која се одобруваа барањето на правното лице и е ослободено од плаќање на надоместок за комуналии во висина од 28.000 евра, со што за таа сума е оштетен општинскиот буџет.

Славчо Чадиев

Во очи на изборите кривична пријава доби и актуелниот градоначалник на Велес, Славчо Чадиев, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Кривичната пријава му е поднесена за случај од 2012 година. Според пријавата, Чадиев го сторил кривичното дело во периодот кога бил претседател на Совет на општина Велес на тој начин што го прекршил Деловникот за работа на општина Велес  на седница одржана на 11.07.2012 година. Во овој случај се работи за пренесување на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка. Односно, според пријавата, тој издејствувал по итна постапка, спротивно на Деловникот, Синдикалното одморалиште во село Горно Врановци да и биде пренесено во сопственост на општина Чашка.

Ванчо Апостолов Владимир Талески Гордана Јанкулоска градоначалници Илчо Захариев кривични пријави МВР Славчо Чадиев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.