Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог законот за реорганизација на државната управа кратко повлечен, од ВМРО-ДПМНЕ велат поради номотехничка грешка

0
By Marija Todorovska on June 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 7, 2024 12:31

 – Предлог законот за реорганизација на органите на државната управа кратко беше повлечен од дневен ред од денешната собраниска седница. Од ВМРО-ДПМНЕ, по објавата во дел од медиумите дека законот е повлечен, ја демантираа веста појаснувајќи дека законот на кусо бил повлечен поради исправка на номотехничка грешка, по што повторно е ставен на дневен ред на собраниската седница.

– Веста објавена на неколку електронски медиуми со наслов: „Мицкоски го повлече законот за реорганизација на Владата“ е неточна и истата во целост ја демантираме. Законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка, по корегирање на истата законот беше веднаш поднесен и истиот денес ќе се најде на седница на Собранието, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На дневниот ред на оваа седница треба да се верификува мандат на пратеници во Собранието и да помине Предлог одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија.

„Левица“ реагираше на прекршување на процедура во однос на Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа.

– Во процедурата се забележува дека претседателот и мандатарот за состав на новата влада кој во ова својство се појавува како предлагач на овие измени, не го испочитуваа Деловникот и спротивно на праксата за добро работење на Собранието синоќа во 11 часот навечер доставија измени во текстот на законот за организација и работа на органите на државната управа, изјави на прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ.

Според него, покрај прекршување на Деловникот ова покажува и несериозност во поглед на ваква обемна материја, но, вели, е во директна корелација со тоа што го изнеле како став кога првично текстот се доставил до пратениците.

– А тоа е дека нашата поддршка за оваа реорганизација ќе се поврзе со тоа дека ние бараме за ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството денес да го добие, да ја добие нашата поддршка и нашите шест гласови итно и веднаш да се донесе измени со кои би се вовела една изборна единица, кажа Мециновиќ.

Измените на законот беа поднесени до Собранието завчера. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по поднесувањето на законските измени ги повика сите пратеници да ги поддржат. Со ваквите измени, според Мицкоски, ќе добиеме ефикасност, осовременување на владата и да го подобриме животот на граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.