Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог – законот за спречување на корупција е доставен до Собрание со европско знаменце

0
By Нова ТВ on January 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 5, 2019 15:17

 Предлог – законот за спречување на корупција од страна на Владата е пуштен во собраниска процедура, но овој пат со европско знаменце, за да се спречи секоја шанса законот да биде блокиран, изјави денеска вицепремиерката Радмила Шекеринска

-Се работи за текст којшто предвидува навистина високи критериуми за кој било да биде избран за претседател или член на комисија. Меѓутоа од друга страна на комисијата и дава зголемена моќ. Ќе имаат пристап до банкарски сметки, ќе имаат пристап до различни бази на податоци кои досега им биле затворени. Ќе можат да истражувааат можности за корупција кај поединци, но и финансирањето на политичките партии и ова се важни работи за да покажеме дека има политичка волја за борба против корупциија, но и да покажеме резултати за борба против таа корупција, рече Шекеринска.

 Законот беше повлечен од  собраниска процедура кога ВМРО ДПМНЕ  поднесе десетици амандмани. Според Шеќеринска намерата на опозицијата била  да го блокира носењето на законот и најголем дел од нивните амандмани се однесувале на намалување на критериумите за избор на членовите и на намалување на компетенциите и моќта на комисијата. 

-Предлозите од страна на ВМРО ДПМНЕ велат да немаат пристап до банкарски сметки, да немаат пристап до бази на податоци, да не можат да испитуваат финансирање на политички партии. Мене тоа навистина ми беше чудно. Затоа што јас сметав како опозиција ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира повисоки да бидат критериумите и појака да биде антикорупциската комисија. Се потрудивме неколку дена да најдеме заеднички јазик. Најавивме дека одреден број амандмани, кои не се спорни, а се предложени од нивна страна ќе ги прифатиме додека не можеме да преговараме за да се уништи практично комисијата и законот пред нејзино донесување, рече Шеќеринска.

 

Шеќеринска не одговори дали  е можно таа да биде консензуален кандидат за претседател на РМ, обајнсувајќи дека  во моментов целиот фокус на Владата е посветен на стратешката цел на државата, а се однесува на заокружување на уставните измени и имплементацијата на Преспанскиот договор.

-Би било изневерување на таа доверба сега дел од нашата енергија да оди на следните избори. Целиот фокус на Владата е посветен на овој процес и убедени сме дека процесот прво ќе биде успешен и второ дека ќе биде многу важен за иднината на Република Македонија, додаде Шекеринска.

претседателски избори Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.