Претседателот на Собранието, Талат Џафери не го стави на гласање предлогот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески, кој побара на денешната собраниска седница да се разгледа прашањето за преговорите со Софија и преговарачката рамка со ЕУ, предложено од француското претседателство.

„Република Северна Македонија е првата точка во Парламентот на Бугарија, а во нашиот Парламент не се расправа за преговорите. Срамота е што за земјата се зборува во други парламенти освен во нашиот“, рече Мицевски.

Џафери објасни дека не може да го стави предлогот на гласање бидејќи за да може прашањето да се разгледува во Парламентот треба да се достават соодветните документи.