Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлогот за идниот гувернер на Народната Банка ќе врти уште некој ден околу Собранието

0
By Zoran Ivanov on May 19, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 19, 2025 21:46

Дали наместо како што таа најви дека во понеделник наутро ке достави предлог до собранието исто како што претходно изјави премиерот,е нови два три дена Сиљановска да доразмисли или маневар за јавноста да докаже дека сепак таа а не премиерот го прави изборот како што е според уставот и не е под капата на Мицковски тој да избира таа само да аминува?!

 Љубомир Костовски

И покрај тоа што најави дека денеска (понеделник) ќе го достави предлогот за нов гувернер на Народната банка, претседателката Гордана Силјановска-Давкова се предомисли – „ќе размислувала “ уште два – три дена додека да донесе одлука.

Според информациите, таа вчера имала средба со тројца кандидати, меѓу кои актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска и поранешните министри за финансии Трајко Славески и Зоран Ставрески.

Ова значи дека на утрешната седница (вторник) нема да се гласа за изборот на нов гувернер на Народната банка, кој ќе ја води оваа функција во наредните седум години.

„Има неколку кандидати и најважно е да не дојде до тоа да не биде избран кандидат“, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова минатата недела, најавувајќи дека денеска ќе достави предлог кандидат за наследник на Ангеловска-Бежовска.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека за гувернерската позиција се во игра вонсериски искусни кандидати за кои е убеден дека ќе ја одржат макроекономската стабилност. Еден од условите за поддршка на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата, според Мицкоски, е стриктно бранење на фиксниот курс на денарот.

„Веќе имавме разговори со претседателката на оваа тема, очекувам да ги продолжиме, до крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам в понеделник да биде информирано Собранието, на 20-ти ќе има седница, разговарав со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред на 20, така што рокот ќе биде испочитуван“, одговори Мицкоски минатата недела на новинарско прашање.

Сиљановска Давкова јавно изрази несогласување дека премиерот и ја субституира функцијата според која таа по устав ја има обврската да избере кандидат за гувернер кој ке го предложи на собранискиот состав да го изгласа.

Дали наместо како што таа најви дека во понеделник наутро ке достави предлог до собранието исто како што претходно изјави премиерот,е нови два три дена Сиљановска да доразмисли или маневар за јавноста да докаже дека сепак таа а не премиерот го прави изборот како што е според уставот и не е под капата на Мицковски тој да избира таа само да аминува?!

Дека предлогот за нов гувернер ќе биде доставен во Собранието во текот на оваа недела потврди и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека бил известен за ова од претседателката.

„Знам дека претседателката имаше одредени консултации во текот на викендот. Претпоставувам дека деновиве треба уште еднаш да се видиме, да поразговараме и потоа сум сигурен дека до крајот на неделата или во рамки на оваа недела да биде испратен предлогот за нов гувернер“,рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Прашан дали постојат одредени несогласувања помеѓу него и претседателката во врска со изборот на предлог-кандидатот за гувернер на Народната банка, Мицкоски вели дека не постојат такви несогласувања.

Ова со идејата на претседателката – изречена драматично во четвртокот вечерта – за тоа дека никој ништо нема да и кажува кого да предложи и дека дефинитивно таа самостојно тоа ќе го стори „уште во понеделник“ личи на онаа приказна од типот „ќе свртам уште неколку круга…“.

 

Гувернер Избор колумна љубомир Костовки претседателка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.