НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлогот за реконструкција на Владата пред пратениците, Алтернатива ќе биде опозиција, се менуваат министри и заменици

0
By Ана Василевска on February 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлогот за реконструкција на Владата, чиј кабинет се проширува со кадри од Алијанса за Албанците (АА), а се намалува со тие од „Алтернатива“, денеска е на дневен ред на 104. седница на Собранието.

На седницата закажана за попладне во 15 часот ќе се расправа и одлучува за избор на четворица нови министри и петмина заменици министри, по одлуката за влез на АА во владиното мнозинство. Во пресрет на денешната седница, „Алтернатива“ ја соопшти одлуката на Централното претседателство дека ќе делува како опозиција, а претходно во петокот премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на АА Арбен Таравари ги заокружија преговорите за соработка.

Претседателот на „Алтернатива“ Африм Гаши вчера по седницата на Централното собрание најави дека тројцата пратеници од оваа партија ќе дејствуваат како опозиција, нивните функционери ќе се повлечат од функциите, но доколку има уставни измени ќе гласаат „за“.

 Најтесното партиско раководство на Алтернaтивa попладне во 16 часот ја започна седницата на највисокото тело Централно собрание со цел да оформири став околу одлуката дали и понатаму да биде

Гаши, соопштувајќи ја одлуката да излезат од извршната власт, рече дека нивните довчерашни партнери ја преминале и последната етичка линија и немале трпение да ја почекаат одлуката на Централното собрание. Нивната забелешка е поради тоа што сметаат дека во јануари 2022 „Алтернатива“ придонела за стабилизација на Владата предводена од СДСМ.

Според Гаши, СДСМ не го спровела во целост својот дел од договорот кога Алтернатива во јануари овозможи стаблизација на Владата.

„На крај тие – еднострано, речиси брутално – го раскинија договорот и решија да го поделат патот со нас, вклучувајќи друга партија во парламентарното мнозинство. Ова говори многу, за жал говори лошо, за нив и не само за нив како партија, како субјект на кој не му е гајле за раскинување на договори и не ги почитува оние кои му го спасија животот, туку ова говори многу лошо и за земјата која цели кон европските вредности. Ако СДСМ оцени дека европските стандарди се кршење на договорите, ова е многу лоша вест за Северна Македонија“, рече Гаши.

Информацијата за усвојување на План - Протокол за прифаќање, згрижување и сместување, како и регулирање на статусот на лица кои од Украина ќе допатуваат во Република Северна Македонија како п

Со Предлогот за реконструкција на Владата, тројцата министри од Алтернатива, за здравство, за информатичко општество и администрација и за дијаспора треба да бидат разрешени и заменети со кадри од Алијанса за Албанците. Истовремено треба да се констатираат и оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски од СДСМ и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини од ДУИ, кои остапуваат по едно министерско место.

Разрешувањето на министрите е прва точка на 104. седница на Собранието, по што следи изборот на новите кадри – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу  за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, како и на Каја Шукова од СДСМ.

Кренар Лога, кој доаѓа на местото на Тупанчевски, е дипломиран правник и магистер по дипломатија, со работно искуство како извршен директор во Институтот за јавна политика Арбен Џафери, раководител на Сектор за човечки ресурси во Државното правобранителство, заменик директор на Управата за финансиска полиција.

Министерот за здравство Беким Сали од Алтернатива треба да биде заменет со д-р Фатмир Меџити, специјалист невролог во Универзитетската клиника за неврологија, додека позицијата на Адмирим Алити во МИОА се остапува на Азир Алиу, доктор по информатички науки на Природноматематичкиот факултет при УКИМ кој има работно искуство како професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, и во приватниот сектор.

Шукова, која е предложена за министер во животна средина и просторно планирање, е актуелен држевен секретар во овој ресор. Таа е инженер технолог со работно искуство во МЖСПП и во приватниот сектор.

По изборот на министрите треба да се гласа за нови заменици министри во ресорите одбрана, правда, земјоделство, образование и здравство, откако ќе бидат разрешени Башким Хасани од функцијата заменик министер за одбрана, Абдулќушур Абедини од заменик министер за земјоделство и Лулзим Алиу од заменик за образование.

За заменик министер за одбрана е предложен Тирон Јајага од Алијанса за Албанците, а од редовите на оваа партија е и Вјолца Бериша за заменичкото место во земјоделство, шумарство и водостопанство. Предлогот на Ковачевски за заменик министер за правда е Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ, која доаѓа на местото на Агим Нухиу од ДУИ, кој пак ќе ја продолжува политичката кариера како заменик министер за обарзование и наука. Ќе се гласа и за предлогот заменик министер за здравство да биде Маја Манолева, која треба да го замени Владимир Рендевски, кому треба да му биде констатирана оставка.

Премиерот Димитар Ковачевски очекува конструктивна дебата во Собранието и усвојување на неговиот предлог од мнозинството во Собранието за Владата да продолжи на остварување на програмата што ја има зацртано до редовните избори во 2024 година.

 Мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска напладне на претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално му ги дост

Според Ковачевски, за Алтернатива вратата во Владата останува отворена.

„Алтернатива има исти стратегиски цели како што има и владината коалиција. Тоа се потврди и при усвојувањето на важните одлуки за отворање на преговорите со Европската унија. Во текот на изминатиот период имав редовни разговори со претседателот на Алтернатива на кои кажавме дека со оглед на проширувањето на владиното мнозинство, треба да дојде до одредено кадровско рекомпонирање во Владата и во одредени институции. Низ тие разговори беа побарани одредени барања од страна на Алтернатива за кои тие разговараа во текот на четврток и петок“, изјави вчера Ковачевски за ТВ Канал 5.

За СДСМ, наведе партијата во соопштение, со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност, унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и зголемена ефикасност на Собранието и институциите.

„Владата и парламентарното мнозинство посветено ќе работат на забрзана европска интеграција“, порачаа од владејачката партија. 

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што најави нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, претпладне во 10 часот ќе има координација на која ќе го договорат настапот на седницата за владината реконструкција.

 

Портпаролот  Наум Стоилковски, на прес-конференција оцени дека со овој избор на нова влада со рок од неполни 10 месеци, државата во услови на енергетска, економска, финансиска, должничка, криза нема да добие никаков квалитет туку „единствено се пополнуваат редовите во Собрание за задржување на тенкото мнозинство“.

„Предлог листата за нови министри и заменици во владата е вистинска „Пазар 3“ листа за спас на владата на Ахмети и Ковачевски, продолжување на рокот за криминал, тендери, кризи и порази за Македонија“, рече Стоилковски, критикувајќи ги одделно предложените кадри.

По објавата на предлогот за реконструкција на Владата од Демократскиот сојуз, партијата коалициски партнер во власта, побараа со програмските барања на АА да бидат информирани партиите и јавноста. Од ДС, посочија дека не се подготвени да поддржат нов партнер во Владата доколку, како што соопштија, се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на државата, делејќи ги граѓаните по етничка основа околу најавените уставни промени.

Демократскиот сојуз истовремено ги афирмираше приоритетите за кои и досега имаше усогласени ставови со СДСМ, но, потенцира дека за нивната реализација досега ништо не е направено.

Скопје, 16 јули 2022

Предложената реконструкција на Владата е прва во мандатот на Ковачевски, а според собранискиот Деловник, нема ограничувања за времетраењето на дебатата.

Алтернатива Арбен Таравари Димитар Ковачевски Реконструкција Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.