Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлози на ВМРО-ДПМНЕ: Мизрахи, Стаменковска, Димитровска и Трипуновски за техничка Влада

0
By Нова ТВ on December 30, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 30, 2019 15:09

Рашела Мизрахи за министерка за труд и социјална политика, Невенка Стаменковска за заменик министерка за информатичко општество, Гордана Димитровска за заменик министерка за финансии и Цветан Трипуновски за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Ова се предложените кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за преостанатите четири позиции во техничката Влада, потврдуваат за Нова ТВ извори од опозициската партија.

Мизрахи, според партиски извори, е политички неактивна и по вокација е доктор на науки по биохемија. Политички активна, велат од ВМРО-ДПМНЕ, не е ниту Димитровска која била шефица на кабинетот на Христијан Мицкоски за време на неговиот ангажман во ЕЛЕМ. Стаменковска е пратеничка во актуелниот состав на македонското Собрание, додека Трипуновски раководеше со државната фитосанитарна лабораторија од 20056 година до 2008 година, во период од 2015 година до 2017 гопдина беше на чело на Државниот земјоделски инспекторат (ДЗИ), а работеше и како државен советник во МЗШВ.

Од опозициските кадровски решенија за техничката Влада останува уште Министерството за внатрешни работи. Предлог на ВМРО-ДПМНЕ за позицијата е Драган Ковачки, кандидат што е спорен за СДСМ поради неговиот ангажман во Армијата. Притоа од владејачката партија се повикуваат на член 97 од Уставот во кој е наведено дека „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.

Техничката Влада на чие чело ќе биде досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе треба да почне со работа на 3 јануари, на 100 дена до предвремените парламентарни избори што се закажани за 12 април.

ВМРО-ДПМНЕ кандидати Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.