Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предмет Транспортер: Криминални зделки со превоз на ученици во Битола

9
By Нова ТВ on April 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

fetai

Градоначалникот на Битола Владимир Талески заедно со општинскиот претседател на Комисијата за јавни набавки и група превозници ги местеле тендерите за превоз на ученици со што општина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот, рече обвинителката Фатиме Фетаи на денешната прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Истрагата, која СЈО ја нарече „Транспортер“ опфаќа вкупно 81 криминално дејствие, спротивни на Законот за јавни набавки и Законот за средно и основно образование.

Осомничени се 22 лица за злоупотреба на службената положба, а за 11 од нив  побарана е мерка притвор.

За градоначалникот Талески, против кого не може да се отвори кривична постапка бидејќи е аболициран од Претседателот, СЈО бара конфискација на имотот, за кој се смета дека е стекнат преку ваквите дејствија. Одлуката за конфискација е на судот.

-Од вештиот наод и останатиот прибран материјал ова Обвинителство стекна сериозно уверување за штетни финансиски последици врз буџетот на Република Македонија, а со тоа врз граѓаните на оваа држава. Превозниците нанеле вкупна штета во износ од  илјадници евра за само две учебни години, посочи Фетаи.

Талески одобрувал фактури значително поголеми  од договорените

Градоначалникот Талески во 2009 година донел одлука за јавна набавка за превоз на ученици преку средствата предвидени во буџетот за јавен превоз на ученици од средните училишта.

Се формирала Комисија за јавни набавки која спровела постапка, а потоа Талески како од позиција на градоначалник за најповолни ги избрал превозниците  Хера Турс, Транскоп АД Битола, Џем Турс Битола и Боби Турс Битола. Веднаш потоа од страна на управителите на оваа лица, биле фактурирани  износи значително поголеми од договорените суми кои градоначалникот без проблем ги одобрувал и потпишувал налози, а истите биле одобрени и од директорите на училиштата.

Наплата била извршена во периодот 2012 – 2014 година , а на ист начин е направена злоупотреба на буџетските средства и со директорите и превозниците за основните училишта.

-Општина Битола преку градоначалникот го плаќала превозот на ученици на сите возможни начини, со цел да го оштети буџетот на Македонија, а во корист на локалните правни лица кои вршеле превоз. Локалната самоуправа на Битола преку градоначалникот превозот на учениците го плаќала и на правните лица за организиран превоз на ученици, меѓутоа и на транспортните претпријатија кои биле носители на општинскиот линиски превоз за потребите на сите граѓани на општина Битола, односно го плаќала два пати, рече обвинителката Фетаи.

Поради ова, од Специјалното јавно обвинителство поднесено е барање за определување најстрога мерка за обезбедување присуство во постапката мерка – притвор и мерки против имотот за дел од осомничени и превозниците. СЈО исто така бара и забрана за располагање со 3 стана, 8 патнички моторни возила  и 33 автобуси за осомничените во предистражната постапка.

Талески е осомничен за повеќе дела

По одлуката на претседателот Иванов за колективна аболиција на 56 лица меѓу кои и градоначалникот на Битола – Владимир Талески, од Специјалното обвинителство велат дека против него се водат и други постапки за коруптивни дејствија за кои тој не е аболициран од Претседателот. Во интерес на истрагата, обвинителите не дадоа детали за кои дела точно се работи.

Засега е побарана само конфискација за дел од имотот на Талески, но доколку против него во иднина се отвори друга постапка, ќе може да се побара притвор, бидејќи аболицијата важи само за едно конкретно дело.

-Согласно член 97 од Кривичниот законик, никој не може да ја задржи непосредната и посредна корист прибавена од кривично дело, а одлука за конфискација судот ќе донесе во постапка определена со закон и кога од правни пречки не е можно водење на кривична постапка спрема сторителот на кривично дело. Според тоа ние имаме законска обврска да ги продолжиме постапките со цел обезбедување на докази за противправно прибавена имотна корист и поведување на постапки за конфискација со цел имотната корист прибавена од кривични дела да не остане кај сторителите на овие дела и да се врати во Буџетот на Република Македонија, односно на граѓаните на Република Македонија. Со ова се одзема мотивот за сторување на кривични дела и се влијае на генерална превенција од криминалитетот, одговори обвинителката Ленче Ристоска.

Талески денеска е недостапен за коментар.

Специјалното јавно обвинителство изрази сомнеж и за тоа од каде му се податоци за претседателот Иванов за тоа кого треба да помилува, кога за поголем дел од аболицираните лица, податоците не биле соопштени во јавност, ниту Претседателот ги побарал од СЈО.

Случајот со превозот на учениците, беше споменат и во 19. „бомба“ на опозицијата, во која министерот за финансии Зоран Ставрески во разговор со екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска, споменува дека битолскиот градоначалник за превоз на учениците склучил договор „коруптивен до даска“ со цени десет пати повисоки од предвиденото.

Владимир Талески општина битола СЈО транспортер Фатиме Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.