Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Албанските и светските медиумски здруженија со осуда за инцидентот на Рама и новинарката; Рама не се извинува, вели дека е лага; Косово и Србија на 22 март со предлози за динарот

0
By Marija Todorovska on March 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 20, 2024 11:44

Албанскиот премиер Еди Рама вчера на прес конференција ја турна со рака по лице новинарката Амброзија Мета. По овој инцидент реагираа албанските медиуми и Мониторинг групата за кршење на слободата на медиумите. Рама одби да се извини, тврдејќи дека тоа е лага.

Бесник Бислими и главниот српски преговарач Петар Петковиќ вчера се сретнаа во Брисел со посредство на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Ова е првпат претставници на косовската влада да учествуваат на вакви разговори откако Косово, со регулативата на Централната банка која стапи на сила на 1 февруари, престана да го користи српскиот динар, со што еврото стана единствено платежно средство, известуваат косовските медиуми.

АЛБАНИЈА

Попули: Рама  турна новинарка со рака

Инцидентот снимен вчера меѓу премиерот Еди Рама и новинарката Амброзија Мета донесе многу реакции каде беше осуден гестот на шефот на државата. Во меѓувреме, овој инцидент наиде на големо внимание од странските медиуми, кои посветија посебен прилог на настанот. Во врска со овој настан, и белгискиот медиум ХЛН објави дека албанскиот премиер Еди Рама е жестоко критикуван откако турнал новинарка.

https://novatv.mk/storage/2024/03/rama.mp4

Медиумите понатаму пишуваат дека Амброзија Мета му поставила прашање на Рама за инвестициски проект на островот Сазан, кој е заштитена еколошка област. На снимката се гледа како премиерот ја става раката на лицето на новинарката и ја турка.

„Мислам дека е срамота што шефот на владата не може да се контролира кога го прашуваат за прашања од јавен интерес“, изјави Мета за Балканската истражувачка новинарска мрежа, пренесе Попули.

Досја – Мониторинг групата за кршење на слободата на медиумите во Европа: Згрозени сме од вознемирувачкото однесување на Рама кон Амброзија Мета

Здружението на професионални новинари на Албанија реагираше во врска со инцидентот во кој новинарката Амброзија Мета беше вмешана со премиерот Еди Рама, при неговата изјава за медиумите.

Во соопштението на здружението се изразува нивната солидарност со Амброзија, за која велат дека ја извршувала својата должност, поставувајќи прашања до премиерот за прашања од јавен интерес, пренесе Досја.

Албанскиот премиер Еди Рама на социјалната мрежа Икс негира дека бил агресивен кон новинарката и одби да се извини.

 

„Извинување?!

Извинувањата по една целосно одвратна лага додека сè е на видео и десетина новинари, како и сниматели се очевидци на едноставната вистина дека не само што имало нешто блиску до агресија, туку и на сите прашања биле одговорени трпеливо (и покрај неколкуте нететички прекини ) во вообичаен разговор со печатот и јас си заминав по пријателско збогување?!“, се наведува меѓу другото во реакцијата на Рама.

КОСОВО

Радио Косова е Лире: Косово и Србија се обврзаа дека на 22 март ќе ги достават своите предлози за користење на динарот во Косово

„Главниот преговарач на Косово во разговорите со Србија, Бесник Бислими изјави дека на средбата во Брисел е постигнат став дека Косово и Србија до 22 март ќе ги достават своите предлози за користење на српскиот динар на Косово.

Бесник Бислими и главниот српски преговарач Петар Петковиќ вчера се сретнаа во Брисел со посредство на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Ова е првпат претставници на косовската влада да учествуваат на вакви разговори откако Косово, со регулативата на Централната банка која стапи на сила на 1 февруари, престана да го користи српскиот динар, со што еврото стана единствено платежно средство.

Прашањето, освен што ја налути Србија, предизвика и несогласувања меѓу Владата на Косово и меѓународната заедница, бидејќи српската заедница на Косово со години добива исплати во динари од буџетот на Србија. Западните дипломати побараа од Косово да ја суспендира регулативата, да им даде време на погодените граѓани да се прилагодат на новата практика.“, пренесе Радио Косова е Лире.

Телеграфи: Реакции на лидерите на Косово и локални и меѓународни аналитичари по заканувачката изјава на Вучиќ

На заканувачките изјави на Вучиќ  „дека ќе го нападне Косово“ реагираа претседателката на државата, Вјоса Османи, Владата и аналитичарите. Многу реакции имаше и на платформата „Х“.

Претседателката на државата Вјоса Османи во ексклузивна изјава за Телеграф одговори на заканувачките изјави на претседателот на Србија Александар Вучиќ дадени пред денови.

Османи порача дека Вучиќ ќе пропадне, како и сите досегашни неуспешни напори на Србија.

„Исто како и во минатото, тој мора да знае дека ќе пропадне, бидејќи пропаднаа сите напори на Србија од 1998-99 година наваму да го освои Косово и да ја има територијата на Косово. Првото поради жртвата на народот на Косово и нашата ослободителна војна и второто затоа што отсекогаш сме имале пријатели, слободољубиви народи кои заедно со нас ги бранеле најважните вредности на слободата и демократијата. “, рече Османи.

Владата на Косово потенцира дека реториката на Вучиќ не само што е несоодветна, туку и јасен одраз на односот на Србија кон мировниот процес и односите со Косово.

„Во претходниот случај, беше упатено на конфликтот во Нагорно Карабах меѓу Ерменија и Азербејџан, земајќи ги како пример акциите на вториот. Овој пат оваа закана дојде токму на годишнината од договорот во Охрид за Анексот за спроведување на основниот договор“, се вели во изјавата за Телеграфи.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи во германскиот парламент (Бундестаг), Михаел Рот изјави дека Србија не може да влезе во Европската унија  додека на чело на Србија е Александар Вучиќ, кој во понеделникот ја предупреди западната заедница дека мора изберат меѓу Косово и Србија.

„Претседателот Вучиќ нешто погрешно разбра. Перспективата за членство во ЕУ не важи само за Србија, туку и за сите држави од Западен Балкан, вклучувајќи го и Косово. Не постојат работи како „или Србија или Косово“.

Но, Вучиќ е во право, со него на чело нема можност Србија да влезе во ЕУ“, објави Рот на платформата „Х“ по заканите на српскиот претседател кон Косово.

Газета Експрес: Светска банка издвои 90 милиони евра за економската реформа

Бордот на Светска банка го одобри Договорот за финансирање на развојните политики за фискална политика, конкурентност и зелен раст меѓу Република Косово и Светска банка, со вредност од 90 милиони евра, пренесе Газета Експрес.

КОЛУМНА

Коха –  Фотографии, милиони евра и молк: како Србија се однесува кон терористот Милан Радоичиќ

„Дека Милан Радоичиќи останува важен „адут“ на моќта во Србија да го дестабилизира Косово, тоа повторно визуелно го докажа фотографијата на која се гледаат како Милан Радоичиќи и Марко Ѓуриќи, амбасадорот на Србија во Вашингтон разговараат во кафеана, доверлив човек на претседателот Александар Вучиќ и веројатен кандидат за следен премиер на Србија.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Фотографии, милиони евра и молк: како Србија се однесува кон терористот Милан Радоичиќ“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / ЦИВИЛ МЕДИА

Албански медиуми Еди Рама ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.