Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини в понеделник во Брисел ги повика премиерите на шестте земји од Западен Балкан на разговори за актуелните настани во регионот и за изгледите за 2018 година, кога на европските партнери во регионот ќе им биде понудена единствена можност да напредуваат на патот на интеграција во Унијата, соопшти денеска ЕУ.
– ЕУ е посветена на зајакнување на ангажманот на ЕУ со регионот и осигурување дека сите земји од Западен Балкан ги преземат неопходните чекори за нивното напредување кон Унијата да стане неповратно, се вели во соопштението од ЕУ.