Борнмут со нова значајна победа во премиерлигата за дополнително оддалечување од опасната зона и чекор поблиску до опстанок во англиската фудбалска елита. Овојпат против Челзи, еден од фаворитите за титула пред почетокот на сезоната, со 4:0.
Сите четири гола на стадионот „Виталити“ беа постигнати во второто полувреме. Двапати Кинг (47’, 74’) и по еднаш Брукс (63’) и Дениелс (90’+5’) ја тресеа мрежата на Аризабалага за јубилејна десетта победа во сезоната и десетто место на табелата со 33 бода.
Три бода на домашен терен освоија и фудбалерите на Тотенхем во дуелот со Вотфорд (2:1) додека без победник и со идентичен резултат (1:1) завршија средбите Ливерпул – Лестер, односно, Саутемптон – Кристал Палас.
Премиерлига, 24 коло
Ливерпул – Лестер 1:1
Тотенхем – Вотфорд 2:1
Борнмут – Челзи 4:0
Саутемптон – Кристал Палас 1:1
Њукасл – Манчестер сити 2:1
Манчестер јунајтед – Барнли 2:2
Вулверхемптон – Вест Хем 3:0
Хадерсфилд – Евертон 0:1
Фулам – Брајтон 4:2
Арсенал – Кардиф 2:1
Табела: Ливерпул 61, Манчестер сити 56, Тотенхем 54, Арсенал 47, Челзи 47, Манчестер јунајтед 45, Вулверхемптон 35, Евертон 33, Вотфорд 33, Борнмут 33, Лестер 32, Вест Хем 31, Брајтон 26, Њукасл 24, Кистал Палас 23, Саутемптон 23, Барнли 23, Кардиф 19, Фулам 17, Хадерсфилд 11.