Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Челзи ита кон титула, падна Арсенал на „Стемфорд бриџ“

0
By Нова ТВ on February 4, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Челзи го совлада Арсенал со 3:1 во дербито на 24 коло во Премиерлигата за огромен, можеби и решавачки, исчекор на лондонските „сини“ кон шампионската титула. Стрелци на „Стемфорд бриџ“ по попладнево беа Маркос Алонсо во 13 минута, Еден Азар во 52 минута и Сеск Фабрегас во 85 минута за домашните, Оливие Жиру во првата минута од судиското продолжение само го ублажи поразот на „топчиите“.

Тимот предводен од Антонио Конте е лидер на табелата со 59 бода дури 12 повеќе од Тотенхем на втората позиција. „Спарси“ своите обврски во ова коло ги имаат во последниот меч од денешната програма (18,30 ч.) против Мидлсборо на „Вајт Харт Лејн“.

Челзи поведе во 13 минута преку Маркос Алонсо. На центаршутот на Педро тргна Диего Коста, но при обидот на Бразилецот пречката беше сојузник на веќе совладаниот Петр Чех. Во борба за одбиената топка влегоа Алонсо и Белерин пришто Шпанецот излезе како победник во воздушниот дуел за еуфорија на трибините.

Вториот гол за беше вистинска мајсторија на Еден Азар. Белгиецот прифати топката на средина на теренот, претрча 40-тина метри во полето на Арсенал, им избега на Коклан  Кошчелни, а ниту Мустафи, со лизгачки старт, не успеа да спречи 2:0.

Финишот на средбата донесе уште два гола, по еден на двете страни. Челзи најпрво зголеми со лоб ударот на Фабрегас во 85 минута (Шпанецот се воздржа од прослава на голот против својот поранешен клуб), а Французинот Жиру во ексттра времето успеа да го совлада Куртоа за конечни 3:1.

Премиерлига, 24. коло

Челзи – Арсенал 3:1

Кристал палас – Сандерленд (16 ч.)

Евертон – Борнмут

Хал – Ливерпул

Саутемптон – Вест Хем

Вотфорд – Барнли

ВБА – Стоук

Тотенхем – Мидлсборо (18,30 ч.)

 

 

Арсенал Еден Азар Премиерлига фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.