Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Челзи врза трета победа, Арсенал се буди (Видео)

0
By Нова ТВ on September 9, 2017 СПОРТ
Фото: chelseafc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изненадувачкиот пораз на „Стемфорд бриџ“ од Барнли во воведното коло од новата сезона, фудбалерите на Челзи го покрија со трета победа во низа во Премиерлигата. По Тотенхем и Евертон и паузата за репрезентативни настапи, лондонските „сини“ го совладаа и Лестер на гости со 2:1 и се израмнија со Манчестер јунајтед на второто место на табелата со девет бода.

https://www.youtube.com/watch?v=G_DLGvL_uJo

Алваро Мората продолжи со голгетерската форма за составот на Антонио Конте. Шпанецот погоди во 41 минута по додавање на Аспиликуета, а во листата на стрелци се впиша и Нголо Канте во 50 минута. Единствениот за домашните го постигна Џејми Варди во 62 минута од пенал.

https://www.youtube.com/watch?v=qhaGWIETXBM

Репрезентативната пауза, се чини, му годеше на Арсенал кој по двата премиерлигашки дебакла славеше против Борнмут со 3:0. Двапати Велбек и еднаш Лаказет ја тресеа мрежата на аутсајдерот во конкуренцијата како најава што сакаа да ја испратат „топчиите“ дека кризата е во фаза на надминување. Дали е така ќе покаже големиот испит во наредниот викенд во кој ќе составот на Венгер ќе биде гостин на Челзи.

Со идентичен резултат и Тотенхем го поразија Евертон на „Гудисон парк“. Двоен стрелец за „спарси“ беше Хари Кејн (28′ и 46′), во меѓувреме погоди и Ериксен (42′).

Манчестер сити со „петарда“ за Ливерпул на „Етихад“

https://www.youtube.com/watch?v=1m0K68p-O6U

Манчестер сити го декласира Ливерпул со 5:0 во дербито на четвртото коло во Премиерлигата. Почетокот на мечот им припадна на гостите кои се заканија преку Мохамед Салах, но продолжението во целост беше во знак на „граѓаните“. Два гола на Габриел Жезус (45’+6′ и 53′), два и на Лирој Сане (77′ и 90’+1′) и еден на Серхио Агеро (24′) во потопот на тимот на Јирген Клоп на „Етихад“. Гостите од 37 минута играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Садио Мане.

Премиерлига, 4 коло

Лестер – Челзи 1:2

Евертон – Тотенхем 0:3

Арсенал – Борнмут 3:0

Саутемптон – Вотфорд 0:2

Брајтон – ВБА 3:1

Манчестер сити – Ливерпул 5:0

Стоук – Манчестер јунајтед (18,30 ч.)

Недела

Барнли – Кристал палас (14,30 ч.)

Свонси – Њукасл (17 ч.)

Понеделник

Вест Хем – Хадерсфилд (21 ч.)

Табела: Манчестер сити 10, Манчестер јунајтед 9 (-1), Челзи 9, Вотфорд 8, Тотенхем 7, Хадерсфилд 7 (-1), Ливерпул 7, ВБА 7, Арсенал 6, Саутемптон 5, Барнли 4 (-1), Стоук 4 (-1), Брајтон 4, Свонси 4 (-1), Евертон 4, Њукасл 3 (-1), Лестер 3, Кристал палас 0 (-1), Борнмут 0, Вест Хем 0 (-1).

Арсенал Манчестер Сити Премиерлига фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.