Премиерот на Исланд, Сигмундур Дејвид Гунлаугсон е првата “жртва“ на документите за оф-шор бизнисте од Панама откако поднесе оставка по интензивните протести во Рејкјавик.
Гунлаугсон денеска во текот на денот пробуваше да се спаси барајќи од претседателот на земјаа да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори, но откако идејата беше отфрлена од исландскиот претседател, Гунлаугсон реши да се повлече од премиерската функција.
Тој сепак останува лидер на Прогресивната партија во Исланд.
На местото премиер доаѓа Сигурдур Инги Јохансон, досегашен министер за земјоделство и рибарство.