Премиерот Зоран Заев денеска ја прими втората доза на вакцината „Синофарм“ на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, согласно националниот план за имунизација на населението.

11.104 граѓани биле вакцинирани против Ковид 19 во текот на вчерашниот ден. Според податоците од „Мој Термин“ прва доза вакцина вчера примиле 3.278 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 227.963 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 54.600 граѓани. Со последните бројки 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 40 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Досега 425.422 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk.