Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преписки, инспектори и кавги во Кривичниот суд

0
By Нова ТВ on November 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 17, 2016 16:02

Од Кривичниот суд преку соопштение обвинуваат дека вработениот Г.С. кој повикал трудова инспекција и се пожалил дека го преместиле на пониско работно место, не си ја вршел работата.  Горан С. ова го демантира и вели дека откако протестирал со „Шарената револуција“ бил оневозможен да си ја врши работата.

Од судот појаснуваат дека на инспекторите им го презентирале целото досие на вработениот, кој од службеник вработен со средно образование, од 01.12.2015 година е унапреден и му е признаено високото образование кое го имал, и на оглас е избран за Раководител на одделението за човечки ресурси за кое имало потреба да се формира.

Во соопштението од судот, се вели дека вработените на инспекторите им појасниле дека од унапредувањето на Г.С до денеска, тој немал изготвено план и програма за работа.

„Воедно на инспекторите им е појаснето дека,  од неговото унапредување до денес, иако е поставен на раководно место каде требало да презема активности од аспект на менаџирање на човековите ресурси во судот, досега ниту има изготвено план и програма ниту акциски план за работа ниту на било каков начин како раководен службеник презел активности  за функционалност на ова одделение, кое за потребите на 400 вработени во судот, за прв пат е формирано со неговото унапредување. Образложено е дека истиот за изминатиот период нема сработено никаква активност во функција на платата  што ја добивал како  раководител и за истото нема поднесено никаков извештај до судскиот администратор како непосредно раководен службеник заради што на истиот од неодамна му е дадено задолжение да работи во друго одделени во согласност со член 60 и член 61 од Законот за судски службеници без притоа да има влијание на работата за која е избран и брз платата која ја прима како раководител на одделение“, стои во судското соопштение.

Во информацијата се дополнува дека откакао бил унапреден, му биле дадени и нови задолженија, но досега тој не сработил ниту една работна задача.

Вработениот Горан С. на ова одговори со соопштение во кое пишува дека Програмите и плановите за работа на новоформираното работно место ги составувал претседателот на судот не тој како раководител. Тој вели дека од протестите на „Шарената револуција“ на кои и тој учествувал, престанале да му даваат работни задачи и пристап до документи.

„Јас како раководител имам должност само да ги спроведувам задачите со кои ќе ме задолжи претседателот на суд. Никогаш не сум бил повикан да учествува во писмено изготвување на некаква програма во правец на работното место на во правец како работното место на кое бев назначен“, пишува во соопштението на службеникот Горан С.

soopshtenie-g-s

 

#Шарена револуција вработени судии Трудова инспеција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.