НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преспа: Во реалноста запуштена, во избирачкиот список препородена

0
By Борјан Јовановски on August 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Летово имав сериозна намера да се деконтаминирам од баналноста иа апсурдите на политичкото секојдневие. Брајчино ми изгледаше за вистинско место каде што ќе си ги реализирам моите желби за душевно прочистување. И не успеав!

Во Брајчино минувам добар дел од летото уште од раното детство. Само едно лето ми го одзема онаа несреќна ЈНА. Сакам да кажам дека селото добро го познавам, исто како и неговите жители. Жално е што од година во година селото го наоѓам се попразно и попразно. Изминативе неколку години веќе се насетува и неговата смрт со оглед на тажната стапка на наталитетот дополнета со висок процент на жителите кои мигрираат кон градовите или емигрираат надвор од Македонија.

Последниот попис во државата одржан во далечната 2002 година регистрира 134 жители на ова планинско село за чии потенцијали оставам другите да кажуваат за да не звучам субјективно со оглед на моето потекло. Како и да е, од тие 134 жители денеска кога се пребројуваме пред веќе непостоечката кооперација тешко ќе дојдеме до бројката од 60 жители кои се уште и пркосат на најавената смрт на селото. Бројката за 60 тина жители можевме да ја потврдиме и во избирачкиот список кој замислете денеска брои ни повеќе ни помалку туку 184 лица со право на глас.

Ги читам по име и презиме сите регистрирани во избирачкиот список и наоѓам имиња и презимиња за кои никогаш не сум слушнал. За волја на вистината имаше и такви кои ги познавам, па дури и мои подалечни роднини но, колку што знам, сите тие одамна се иселени во Канада, Австралија или Шведска. На списокот има и од помладите генерации на овие семејства кои едвај се снаоѓаат со македонскиот јазик бидејќи или се родени таму каде што им заминале татковците или селото го напуштиле кога биле многу мали, па оттогаш досега селото го посетиле на лето неколку пати колку да не си го заборават коренот.

Да не биде дека сум нескромен во моето познавање на селото направив муабет со моите стари пријатели кои живеат таму. Го листаме списокот заедно. Им викам на пријателиве во обид да ги расположам:

„Mашала, кога читам во списокот во селово има многу народ ама се крие изгледа по куќите“.  Mи одговараат: „Еееех, одамна беше тоа кога во селото имаше толку луѓе и кога по полињата трчаа деца и кога школото работеше“.

Се евоцира по некој спомен и продолжува разговорот на темата за избирачкиот список Како и да е, не можеме да преброиме повеќе од 60 тина луѓе кои се навистина во селото со право на глас.

„Што да ти кажам Борјан, гледаш и сам селото се испусти и еве сега ќе дојдат пак ќе ни викаат вака ќе праиме така ќе напраиме да гласаме за нив и па истото ќе си биде..готово ни е селото уште ние тука што не гледаш сме и тоа е“, ми вели мојот стар пријател кои нема да го именувам од познати причини .

Инаку, иронијата да биде поголема, кога ќе се проверат избирачките списоци од 2013 и 2014 има сериозно зголемување на популацијата, Па така, брајчинци од 149 во 2013, во 2014 дошле до бројка од 160, за денеска во 2016 да се дури 184. Ако само избирачкиот список ја рефлектираше и стапката на наталитет ќе немаше крај на среќата за мое Брајчино. Ама реалноста и овие институции се одамна во голема кавга.

Бидејќи во Брајчино нема веќе ни продавница каде жителите можат да се снабдат со основни намирници, но и да се соберат на по едно пиво и муабет, секој ден одев до соседното Љубојно. Село кое некогаш одамна, во почетоците на минатиот век, имало статус на општина која ја има посетено и Кралот Александар. Старата градска автентична архитектура на воглавно напуштените куќи сведочи за убавите времиња на ова преспанско село. Со текот на годините и таму стекнав драги пријатели.

Ајде викам да видам како стојат работите со љубанци. Според нивниот избирачи список, и таму наталитетот е во позитива во однос на морталитетот и миграциските трендови. Љубанци да ти биле 186 според пописот во 2002 па во овие 14 години од тогаш стигнале до бројка на гласачи 226. Љубанци не ги познавам толку како брајчинци па им викам на пријателите да помогнат да ми кажат кои се тие толку многу луѓе во избирачкиот список.

Се смеат. „А бре Борјан не остана никој ни тука. Сега гледаш по некое дете на поленава од тие како твоите што доаѓате по некој ден на лето. Ела по Пантелејмон, сите си заминуваат заедно со штрковите. Преку сила 70 остануваме, тука другото се се исели“, ми вели мојот љубански пријател.

Бидејќи планот за изолација од политичкото секојдневие беше  пресретнат од мојата новинарска вокација, така истиот пропадна. Па си велам, дај да ги разгледаме избирачките списоци од другите изборни циклуси.

И пак трагикомична ситуација. Кутри љубанци ни они поима да ти немале дека им цути селото. На изборите во 2013 имало 170 гласачи потоа во 2014 бројката се зголемила на 192 за денеска во 2016 да ја преминат двестотката и да стигнат до 226. Го прелистуваме списокот пред продавницата во Љубојно и моиве пријатели се чудат. Се викаат еден со друг да се проверат. Ни се придружи и постар жител од селото во „забавата“.

 „За избори ли гледате“, не прашува. „Татко мој, бог да го прости, на гробишта гласа три пати досега“, ни вели човекот одмавнувајќи со раката за да ни каже дека темата му е банална и добро позната. Не испивме ни по едно пиво, а веќе беше јасно дека огромно мнозинство од луѓето регистрирани во избирачкиот список одамна не се жители на Љубојно, а некои и никогаш не биле.

Кога веќе не ми успеа планот за деконтаминација од дневната политика продолжив понатаму. Слично стојат работите и на избирачките списоци во Наколец, Долно Дупени, Крани. Два до три пати поголем број на гласачи од реалниот. Конечно појдов до Ресен, седиштето на оваа, по површина една од најголемите општини во земјава. Во избирачкиот список на оваа општина се запишани 16.996 лица со право на глас додека бројот на жители во општина Ресен според пописот од 2002 е 16.825. Мала отстапка но, сепак, според избирачкиот список бројот на жители во оваа општина се зголемил иако според податоците на Државниот завод за статистика во континуитет се бележи негативен прираст кој годинава стигнал до -27.

Инаку негативниот прираст може да се констатира и со споредба на избирачкиот список од 2002 и 2016 година. Тогаш пред 14 години во општина Ресен со право на глас се запишани 17.877 жители додека денеска таа бројка е 16.996 . Тука веќе сфатив дека ќе треба да се ангажираат други капацитети и познавања во простор во кој логиката и здравиот разум немаат свое место, па решив да се откажам од оваа работа и да им се препуштам на убавините на Преспа кои пркосно и надмено од висините на Пелистер ја игнорираат калта која во нивната околина ја создаваат луѓето и институциите.

Брајчино Избирачки список избори Љубојно миграции наталитет Преспа Ресен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.