До крајот на денов, како и утре претпладне во Македонија ќе се задржи стабилно и суво, додека само по одделни котлини и особено долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Веќе од утре попладне и навечер и тоа под влијание на влажен воздушен бран од запад ќе има врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе започне да дува засилен ветер од југоисточен правец, најавува метерологот Славчо Попоски.
Врнежите ќе продолжат и во вторник а поради спуштање на постуден воздух од север, кон крајот на денот и навечер услови за провејување на снег ќе има и на некои места со надморска височина од под 1000 метри. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието.
„На планините ќе се формира и снежна покривка а температурите значително ќе се намалат, што значи конечно ќе имаме постудени денови како што доликува за овој период од годината. Проврнување на дожд и снег ќе има и во среда.“, вели Попоски.