Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претрес во канцелариите на организаторите на Олимписките игри во Париз

0
By Соња Крамарска on June 20, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француските истражители денес го претресоа седиштето на организаторите на Олимписките игри во Париз во истрага за сомневање за корупција, според канцеларијата на националното финансиско обвинителство.

Организацискиот комитет на Париз во соопштението рече дека е во тек претрес во нивното седиште во предградието Сен Дени и дека „Париз 2024 соработува со истражителите за да ги олесни нивните истраги“.

Париз станува третиот по ред организатор на Летните игри вмешан во истрагите што ги водат антикорупциските власти во францускиот главен град.

Наводите за купување гласови поврзани со Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година и Игрите во Токио во 2020 година претходно отстранија неколку членови на Меѓународниот олимписки комитет од таа организација.

Официјален претставник на канцеларијата на финансиското обвинителство денес рече дека претресите се поврзани со две прелиминарни истраги поврзани со Олимписките игри во Париз, кои претходно не беа објавени во јавноста.

Една од истрагите беше отворена во 2017 година кога Париз беше избран од страна на Меѓународниот олимписки комитет за домаќин во 2024 година, за сомневање за проневера на јавни средства и фаворизирање, како и загриженост за неодреден договор постигнат од организаторите на Париз, соопшти обвинителството.

Другата беше отворена во 2022 година по ревизија на Француската агенција за борба против корупцијата.

Обвинителството рече дека предметот е насочен кон сомнителен конфликт на интереси и фаворизирање што вклучува неколку договори постигнати од организацискиот комитет и Солидео, компанијата задолжена за олимписките објекти.

Олимписките игри во Париз се закажани за 26 јули до 11 август 2024 година.

Рациите се одвиваа во исто време кога извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет започна дводневен состанок во Лозана, Швајцарија, во кој се очекува да ги пофали организаторите од Париз за нивниот напредок.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, им рече на новинарите дека состанокот „секако ќе биде за Париз, каде што имаме добри вести по посетата на координативната мисија и по мојата посета на Франција, на претседателот Макрон, а исто така и на организацискиот комитет“.

Се очекува Меѓународниот олимписки комитет да даде изјава за рациите чија вест го обиколи светот попладнево.

извор: Асошиетед прес

Меѓународен олимписки комитет Олимписки игри Париз претрес седиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.