Струмичката полиција приведе 46-годишен жител на Муртино откако претходно во близина на место викано „Герено“ во атарот на селото откри импровизирано место за одгледување на марихуана. Притоа биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри. По преземени мерки е утврдено е дека саксиите се во сопственост на приведениот Ј.П.
Извршен е и претрес во домот и други простории во сопственост на Ј.П., при што биле пронајдени 187 семки од растение канабис сатива, 20 куршуми, барутно полнење со ознака м-49, масло од канабис, неколку стебла канабис сатива во висина од 20-25 см, петарди, метални детектори, 18 стари монети и поголема количина пари. (Р.Н.)