Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на Шри Ланка побегна на Малдиви – во земјата прогласена вонредна состојба

0
By Mirjana on July 13, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 13, 2022 15:49

Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинг денеска прогласи вонредна состојба во целата земја и полициски час во одредени области, откако претседателот Готабаја Рајапакса утрово побегна на Малдивите, поради масовните протести предизвикани од економската криза на островот.

„Премиерот како вршител на должноста претседател прогласи вонредна состојба низ целата земја и воведе полициски час во западната провинција кој стапува на сила веднаш“, изјави владин претставник за Ројтерс.

Состојбата во Шри Ланка денеска беше драматична. Полицијата фрли солзавец на демонстрантите кои влегоа во премиерската палата на Фловер Роуд и ја демолираа,  јавува Би-Би-Си.

Илјадници луѓе се собраа на главното место за протести во Коломбо извикувајќи „Гота крадецот, Гота крадецот“, нарекувајќи го претседателот Готабаја Рајапакса со неговиот прекар.

Претседателот на Шри Ланка Готабаја Рајапакса рано утринава побегнал од земјата со воен авион со сопругата на Малдиви, само неколку часа пред да поднесе оставка, потврди военото воздухопловство на земјата, јавува  Ројтерс.
Раџапакса, неговата сопруга и двајца телохранители биле качени во авион на воздухопловството кој летал за главниот град на Малдивите, Мале, соопшти воздухопловството.

Началникот на Генералштабот на Шри Ланка повика на смиреност.

Началникот на Генералштабот на Шри Ланка, генерал С.Савендра Силва денеска изјави дека вооружените сили и полицијата ќе го почитуваат уставот и повика на смиреност откако претседателот Готабаја Раџапакса побегна на Малдивите.

„Побаравме од политичките лидери да одлучат како ќе постапат, додека новиот претседател не положи заклетва и не не информира нас и јавноста до вечерва“, рече Силва, пренесе Ројтерс.

Владејачката партија го поддржува Викремесинг за претседател
Највисоките функционери на владејачката партија во Шри Ланка се согласија да го поддржат премиерот Ранил Викремесинге како нивен претседателски кандидат. Таа одлука се уште не е официјално донесена, изјави денеска извор од владејачката партија за Ројтерс, а демонстрантите велат дека бараат негова оставка до попладневните часови.

 

Во Шри Ланка прогласена вонредна состојба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.