Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на пленарната сесија на Самитот за демократија во организација на првиот човек на САД, Џо Бајден.
На дводневниот самит ќе учествуваат шефови на држави и влади, владини претставници, претставници на меѓународни и граѓански организации, како и од приватниот сектор.
Цели на Самитот се поттикнување на заложбите и иницијативите за јакнење на демократијата и одбрана од авторитаризам, борба против корупцијата и промовирање на почитувањето на човековите права, како и претставување на предизвиците со кои се соочува демократијата на глобално ниво и во земјите-учеснички, вклучително и во САД.
Обраќањето на претседателот Пендаровски може да се проследи на линкот: www.state.gov/