Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Придвижување на преговорите во пресрет на Извештајот на ЕК

1
By Нова ТВ on April 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас на 12 април повторно доаѓа во посета на Македонија, овојпат во Охрид на средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Посетата на Коѕијас, и во Македонија и во Грција се оценува како интензивирање на преговорите, а премиерот Зоран Заев оцени дека тој процес се доближува до моментот кога треба да следува средба помеѓу него и Ципрас, што би значелоконкретна практична потврда дека преговорите се во вистинска насока и дека е можно да се дојде до решение.

– Верувам дека досегашната посветеност на процесот, чекорите кои што се покажани овозможуваат придвижување. И се придвижуваме. Има позитивен исчекор од Виена за кој верувам ќе биде заокружен дополнително на 11 или 12 април, на следната средба помеѓу министрите. На крајот на април, или, можеби, почетокот на мај, можно е да имаме средба на премиерско ниво. Тоа секако зависи од двете страни. Но треба да знаат граѓаните, важно е прашањето, премногу важно, но не по секоја цена, изјави Заев во интервју за МИА.

Тој го повтори ставот дека за него црвени линии во преговорите се зачувување на достоинството и идентитетот, односно решение кое е достоинствено за двете страни.

Заев е дециден дека во преговорите за името, нема да има дипломатски булдожери меѓу Македонија и Грција, и дека за такво решение вреди да се жртвува и политичката кариера.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју викендов за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека разликите со Скопје можат да се решат со смелост.

– Разликите со Скопје се проблеми со историски карактер, со идентитет, со наследство и култура. Овие прашања се чувствителни. Но, можат да се решат со смелост, како што правиме сега. Додека, пак, со Турција имаме проблеми со геостратешки и геополитички претензии, вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто за германскиот весник.

По средбата Димитров-Коѕијас во Охрид најверојатно ќе се одржи и нова средба на лидерите на политичките партии и државното раководство. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува таа да се одржи претстојниот викенд.

Следната недела, Извештај на ЕК за Македонија

Идната недела на 17 април,  ЕК ќе го соопшти Извештајот напредокот на земјата, во кој Владата очекува да добие безусловна препорака за почеток на преговорите.

Спорот за името како и секоја година ќе се најде меѓу забелешките во Извештајот со оглед дека ЕУ и во својата нова Стратегија за проширување упати јасна порака дека сите земји-кандидати имаат можност да напредуваат на европскиот пат врз основа на сопствени заслуги и брзината со која ќе ги остварат реформите, но дека дека нема да се дозволи увоз на билатерални спорови.

Еден ден по објавувањето на Извештајот на ЕК во Брисел, во Скопје ќе допатуваат високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан. Според најавите од Владата, двајцата ќе учествуваат на Дигиталниот самит за Западен Балкан чиј домаќин е Скопје. Покрај барањето во однос на спроведувањето на реформите, двајцата се очекува да ги охрабрат властите во Македонија и Грција за изнаоѓање решение за спорот за името.

 

Димитров Заев Извештај на ЕК Коѕијас Охрид Преговори за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.