Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прифатена иницијативата за референдум за реформите во образованието

0
By Biljana on May 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 28, 2021 18:12

Предлогот за референдум на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ на чекор до реалзација. Откако Парламентарниот комитет за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија го прифатија предлогот поднесен во Собранието, останува конечниот збор да го каже собранискиот спикер. Доколку и претседателот на Парламентот Талат Џафери даде зелено светло, тогаш ќе почне постапката за собирање на 10.000 потписи за распирување на референдум на ниво на целата држава.

Драгана Спасовска, иницијатор на „Учебници и настава мора да има“ вели оти по одговорот од Џафери ќе имаат рок од 30 дена да ги соберат потписите.

„Кога Државната изборна комисија ќе отвори избирачки единици, имаме рок од 30 дена да собереме 10 000 потписи. Потоа нив повторно ќе ги доставиме во Собранието за распишување референдум. Нема сомнеж оти ќе ги собереме лјади потписите што се потребни за да се организира непосредно изјаснување на граѓаните.

Таа изјави дека за референдумот ќе формулираат прашање што ќе биде концизно и конкретно за да нема забуни.

Спасевска на седниците на собраниските комисии денеска ги образложи причините за нивните барања и зошто сметаат дека најавените реформи не се во интерес на децата.

Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“ брои 70 000 приврзаници кои, според Спасевска, се гласот на родителите. Тие до надлежните имаат неколку барања во врска со најавените реформи, но пред се да се запре донесувањето на Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основно и средно образование, кој е во собраниска процедура.

Според Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, од учебната 2021/2022 година ќе бидат воведени дигитални учебници, прво во четврто одделение, а во наредните години и во погорните одделенија, како и во средното образование. Според предлог-законот, учениците до трето одделение ќе продолжат да учат од печатени (хартиени) учебници.

образование реформи во образованието Собрание учебници ученици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.