Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Приказната за Силјан” имаше успешна премиера во Њујорк

0
By Zoran Ivanov on November 29, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 29, 2025 20:40

Вчеравечер пред преполната сала во IFC (International Film Centre) во Њујорк се прикажа документарниот филм“Приказната за Силјан” на Тамара Котевска, кој доловува една уникатна приказна за симбиозата помеѓу македонскиот земјоделец Никола и повредениот штрк Силјан за кој тој почнува да се грижи.

Филмот отвара прашања поврзани со животната средина, која директно влијае врз самата егзистенција и начинот на кој ќе продолжат да опстојуваат јатата штркови, исплатливоста на индивидуалното земјоделство, семејствата кои што се соочуваат со синдромот „празно гнездо“, упорноста на еден човек и неговите истрајни избори токму кога животот носи предизвици.

Дејствието во документарниот филм се одвива во с. Чешиново, македонско село познато како село со најмногу гнезда на штркови кои доаѓаат секоја година. Глобалниот проблем околу загрозеноста на јатата штркови која е последица од промените во природните средини, нарушени поради урбанизацијата, но и поради фактот што модерното земјоделство вклучува користење на пестициди со што се исцрпува природниот плен од кој се хранат штрковите, па тие сè повеќе ја бараат својата храна помеѓу депониите се огледува и во филмот.

Во филмот е силно присутна и македонската митолошка приказна за Силјан која како да е дел од животот на главниот протагонист во филмот, Никола. Митолошката приказна за Силјан во филмот на Котевска станува “Приказна за Никола и Силјан” и носи утеха во суровиот материјален свет. Оваа утеха кај гледачите после проекцијата на филмот прераснува во една поинаква грутка која можеби ќе ги натера да направат поинакви животни избори или ќе ги мотивира да истраат во сопствените убедувања.

После проекцијата, режисерката Тамара Котевска и кинематограферот Жан Дакар (Jean Dakar) имаа свои обраќања за тоа како може да се претопи филмската екипа со човекот, но и со птицата и одговараа на прашања на публиката која како да сакаше повеќе да се заблагодари за ова филмско патување отколку да прашува.

Филмските критичари веќе ги кажаа своите суперлативи за поетиката на Тамара да долови сложена реална приказна во документарен филм, а еден од нив, Daniel Howat oд Next Best Picture, сублимираше: „Спојувајќи мит и реализам со извонредна чувствителност, Котевска создава дело со ретка поетска моќ, филм што набљудува, слуша и на крајот ја осветлува тивката, тврдоглава убавина на самиот живот.“

 

 

Њујорк силјан Тамара филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.