Реал Мадрид ја нанижа четвртата победа во низа во Примера. „Кралевите“ ја совладаа Гранада со 4:2, а „Сантијаго Бернабеу“, конечно, дочека да поздрави погодок на Еден Азар, но и еврогол на Лука Модриќ.
https://www.youtube.com/watch?v=xgUv7VAhseA
Белгискиот репрезентативец погоди во екстра времето на првиот дел по додавање на Федерико Валверде, а во 61. минута запиша и асистенција при реализација на Хрватот. По гол во најновиот клупски триумф во шпанското првенство постигнаа Карим Бензема (2 минута) и Хамес Родригез (90+2 минута).
Стрелци за екипата од Андалузија беа Дарвин Махис (69. минута) од пенал и Домингош Дуарте (77. минута).
Примера, 8 коло
Реал Мадрид – Гранада 4:2
Валенсија – Алавес 2:1
Легањец – Леванте 1:2
Бетис – Еибар 1:1
Осасуна – Вилјареал (21 ч.)
Недела
Мајорка – Еспањол
Селта – Атлетик Билбао
Валјадолид – Атлетико Мадрид
Реал Сосиедад – Хетафе
Барселона – Севилја