Пред наплатна станица Демир Капија, на автопатот А1 Неготино – Демир Капија, синоќа во 22:10 часот, полициски службеници од полициска станица Неготино и мобилната единица од Скопје го лишиле од слобода Ф.Р. (20) од Република Србија, кој управувал товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, во кое превезувал 41 мигранти од Куба и Индија, од кои пет малолетници, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.