Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приведен малолетник од Мојанци кој на „Тик-Ток“ објави како потпалува шума

0
By Нова ТВ on August 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 15, 2020 11:04

Малолетник од скопското село Мојанци е приведен поради потпалување на нискостеблеста шума и трева на јавна површина. Приведениот го признал делото, а полицијата го открила откако на социјалните мрежи споделил видео и фотографии како го предизвикува пожарот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје ќе поднесе писмено известување за 17 годишно момче од село Мојанци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

„На 4 август 2020 година на социјалната мрежа „Тик-Ток“ тој објавил видео и фотографии како предизвикува пожар, односно потпалува нискостеблеста шума и трева на јавна површина. Фотографиите и видеата биле споделени на повеќе социјални мрежи по што Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презеде мерки и активности и на 5 август 2020 година до СВР Скопје-Единицата за насилен криминал доставена е документација со повеќе снимени видео клипови на кои се гледа дел од фигура на лице како врши потпалување на повеќе дрва и грмушки на јавна површина –  планина, како и фотографии од лице со профил на социјална мрежа „Тик-Ток“ под псевдоним Д.К.“, се наведува во полицикото соопштение.

Единицата за насилен криминал утврдила дека лицето кое предизвикува пожар на јавна површина е 17 годишен малолетник од село Мојанци, а местото каде што го извршува кривичното дело се падините на блиската шума над селото.

„По утврдување на идентитетот, на 13 август 2020 година, малолетникот заедно со неговиот татко бил повикан на разговор во просториите на Единицата за насилен криминал, каде во присуство на инспектор по малолетничка деликвенција го признал делото и потврдил дека тој палел нискостеблеста трева и шума на падините на блиската шума над село Мојанци“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека за настанот бил запознаен Јавен обвинител за малолетници и по негови насоки делото е квалификувано како „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво член 288 од Кривичниот законик.

„Тик-Ток“ малолетник МВР Мојанци Нискостеблеста шума пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.