Приведен е Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата од 27 април, објави Телевизија 24 повикувајќи се на свои извори.
Додевски е од групата осомничени по кои беше распишана потерница. Кривичниот суд бараше притвор за Додевски и уште четворица осомничени, меѓу кои Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.
Сите осомничени, се уште се во бегство. Освен нив, уште 28 лица за овој случај веќе се веќе во притвор.
Информацијата ја потврдија и од Основното јавно обвинителство.
Додевски, според сомненијата е едно од оние лица кои маскирани и со фантомки влегоа во Собранието на „крвавиот четврток“.
Покрај него, со меѓународна потерница се бараат и Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.