Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приведени неколку лица во Ерџелија поради сомнение за изборен поткуп

0
By Нова ТВ on July 11, 2020 ВЕСТИ
Фото: vesti24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неколку лица се приведени во село Ерџелија поради сомнение дека се вмешани во изборен поткуп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска во 6 часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и полициската станица при ОВР Свети Николе во содејство со полициски службеници од СВР Штип при Бирото за јавна безбедност извршиле претрес кај четири лица од Ерџелија.

Кај лицата З.З. и И.В. биле пронајдени 4.000 денари и пропаганден материјал од политичката партија, додека кај неговите родители со кои живее во заедница биле пронајдени 60.000 денари во апоени по 2.000 денари, кај лицето Д.В. се пронајдени 3.500 евра и пропаганден материјал од политичка партија и кај лицето С.И. се пронајдени 10.000 денари и пропаганден материјал на политичка партија.

При претрес на едно возило паркирано во двор на С.И., сопственост на лицето Б.Т. исто така од Ерџелија, е пронајден список со 20 лица.

Во врска со пронајдениот список, повикано е лицето Б.Т. кој во разговор признал дека во месец мај од страна на СВР Штип му била поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по што истиот се обратил кај С.И., а тој му ветил дека ќе му помогне доколку обезбеди 20 гласачи за политичката партија.

По ова ветување, Б.Т. направил список, разговарал со лицата од списокот и ги убедил истите да гласаат за партија и на тој начин да му помогнат да не оди во затвор. По ова, Б.Т. заедно со С.И. списокот на потенцијалните гласачи го предале во политичката партија.

Извршена е консултација со ОЈО Свети Николе, по што се дадени насоки за лишување од слобода на сите наведени лица, да се изврши разговор со сите лица на списокот, како и со други лица кои се поврзани со наведените, како и да се провери потеклото на парите и на пропагандниот материјал. По извршените проверки и дадениот исказ на Б. Т. пред јавен обвинител во Свети Николе, е констатирано дека постои кривично дело по член 162, став 1 од Кривичниот законик и дадени биле насоки за консултации со надлежното Основно Јавно Обвинителство во Штип по што е констатирано истото кривично дело и С.И. е задржан во полициска станица.

Ерџелија изборен поткуп Избори 2020 кампања Македонија МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.