Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во врска со настанатите пожари во с. Погулево и с. Дамјан, од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш од слобода е лишен И.О. од с. Тополница.
Тој откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот.
Инаку, на подрачјето на ОВР Радовиш на неколку метри оддалеченост имаше три пожари, од кои тој во с.Погулево е изгаснат, кај с. Парналија и с. Супурге е локализиран, а на влезот од с. Дамјан се преземаат мерки за негово гасење, стои во соопштението.