Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Признание „Македонски квалитет 2021“ за десет компании како промотори на успешен бизнис

0
By Sashko on December 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 27, 2021 17:03

Десет национални компании кои се претставници и промотори на македонските успешни бизниси го добија престижното признание „Македонски квалитет 2021“ кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

Признанијата ги доделија претседателот Пендаровски и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски. Добитници на признанието за 2021 година се „Бонивест“, ПЗУ „Аптеки Виола“, „Агенс Камини“, „Каса Италија“, КМГ ЕОЛ „Квазар“, „Винарија Венец“, „Компјунет Инженеринг“, „Хотел Тимс“, „Еко логистик сервис“, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

Претседателот на Сојузот, Ангелоски изјави дека успехот на секоја домашна компанија, во границите на нашата држава и интернационално има широк импакт.

Сојузот на стопански комори, години наназад го промовира квалитетот на домашните компании преку доделувањето на традиционалното признание за квалитет. Ова признание е потврда дека одлуките кои овие бизнисмени и претприемачи ги носеле во годините наназад биле вистински, а нивниот ангажманот и посветеноста се препознато и вреднувани. Ова секако е и поттик да се продолжи со успешната работа и да се претставува државата со квалитет, доверба, добра пракса. Овие позитивни примери се гордост и успех и се значајни имајќи предвид дека тие функционираат и остваруваат раст во услови на навистина предизвикувачки економски амбиент во кој втора година се бориме со криза која се проширува и добива нови димензии. Ангажираноста со која овие компании ги совладуваат предизвиците со кои се соочуваат очекуваме да биде препознаен и поддржан и од креаторите на политиките, кои треба да ги идентификуваат вистинските мерки за поддршка на растот и развојот на економијата, истакна Ангелоски.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање порача дека носителите на признанието „Македонски квалитет за 2021“ заслужуваат особена почит, затоа што во кризен период го развиваат својот потенцијал и постигнуваат одлични резултати.

Пандемијата не запира, а економијата бавно заздравува. Нашето стопанство сѐ уште се бори со проблемите, а нам ни останува да очекуваме дека со соодветни економски политики ќе ги надминеме тешкотиите за да продолжиме со нормален развој. Верувам дека и на ниво на вашите компании имате соодветен одговор на кризата којашто трае и ќе продолжите успешно да работите за да го задржите и надградите квалитетот на производите и на услугите што ги испорачувате. Имајќи ја предвид целата ситуација, носителите на признанието Македонски квалитет за 2021, заслужуваат особена почит затоа што во ни малку лесни времиња го развиваат својот потенцијал и постигнуваат извонредни резултати, задржувајќи висок квалитет на производите и на услугите, истакна Пендаровски.

Манифестацијата „Македонски квалитет“, како што информираат од Сојузот за стопански комори, е пример за оддавање признание на македонските бренд амбасадори кои успеале да продолжат да делуваат и се залагаат за подобра национална економија.

„Македонски квалитет“ бизнис компании Македонија признанија Промотори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.