Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжи судењето за провизиите за кинеските автопати

1
By Нова ТВ on February 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот „Траекторија“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Обвинетите присуствуваат на денешното рочиште што го води судијата Горан Бошевски.

Пред почетокот на денешната главна расправа, судијата Бошевски соопшти дека судот ги одбива како неосновани десетината предлози на адвокатите на одбраната.

Приговорите беа поднесени на претходното рочиште, а се однесуваа на водењето на записникот од главната расправа, а притоа беше поднесено и барање за одбивање на дел од вештачењата и користењето на „бомбите“ во оваа судска постапка.

Адвокатите меѓу другото, побараа и записник и видео снимка од минатото судење за овој предмет, бидејќи без тоа не можеле да продолжат со денешното рочиште.

Судијата Бошевски во еден момент искоментира: „Ваш проблем е дали можете или не можете да го следите судењето“. Но, потоа дозволи адвокатите повторно да ги повторуваат истите барања.

„Бараме доказите да бидат одбиени, бидејќи снимките се веќе јавно објавени и незаконски прибавени. Бараме прекин на денешното рочиште, бидејќи не сме добиле записник, ниту видео снимка од минатото рочиште. Бараме да бидат одбиени доказите кои ги содржат СМС пораките и законот предвидува дека никој невин не може да биде осуден“, рече адвокатот Димитар Дангов.

На ова Груевски се надоврза и му рече на судијата Бошевски: „Спроведете го законот судија“.

Адвокатскиот тим на Груевски се пожали дека ако судот го одбегнува спроведувањето на Законот за кривична постапка тие на обвинетите нема да можат да им понудат правна помош.

Адвокатите на обвинетите на претходното рочиште побараа од СЈО да им ги достават снимените разговори на рака, за како што рекоа, да ги анализираат во изворна форма. Тие не прифаќаат „бомбите“ со прислушуваните разговори да ги преслушуваат во СЈО.

Станува збор за 315 аудио-снимки, кои се дел од доказниот материјал.

Адвокатите ги оспорија и вештачењата за направената штета со изградбата на автопатиштата во износ од 155 милиони евра.

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, пак, забележа дека дека одбраната истите овие приговори ги поднела кога се ценел обвинителниот акт и оти сега е фаза на судење и нема потреба од повторување. Посочи дека одбраната имала и се уште има можност да ги слушне снимките пред тие да бидат дадени како доказ.

Судењето за „Траекторија“ на 31 јануари почна од почеток бидејќи беше променет судечкиот совет.

Во „Траекторија“, Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

автопати провизии судење Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.