Денеска во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за нападот врз министерката за одбрана Радмила Шекеринска и премиерот Зоран Заев, за настаните во Собранието од 27 април, познат како крвавиот четврток.
Рочиштето во кое 65 годишниот Панче Ангеловски беше одложено на барање на Драган Пешевски, адвокат на Ангеловски. Пешевски рече дека на тоа рочиште, првпат го сретнал обвинетиот и затоа побара судот да му остави можност да го посоветува околу случајот.
-Обвинетиот е правно неук човек и сметам дека пред искажувањето за вина, судот треба да ми даде одредено време да го советувам со правно мислење, рече Пешевски, на рочиштето на 19 септември.
За ова кривично дело предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години. Ова е еден од првите предмети кои се процесираат за нападот, откако судот донесе пресуда за деветмина кои поминаа со условна казна.