Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжување на кризната состојба, предложи Групата за процена

0
By НОВА ТВ Balaban on May 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 27, 2021 13:16

Владината Група за процена денеска едногласно реши да предложи од  Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата да достави предлог до Собранието за продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, соопшти ЦУК.

Истовремено, со тој предлог придружно оди и предлогот институциите во Системот за управување со кризи (СУК) да продолжат со активностите согласно за Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CоV-2, што е донесен на Втората седница на Главниот штаб за управување со кризи, од прогласувањето на кризната состојба што се уште трае.

Владината Група за процена под раководство на Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денешната седница ја одржа преку видеоконференциска врска, а на неа  учествуваа и националниот советник за безбедност на претседателот на државата, којшто учествува повремено покрај законски определените членови на Групата: директорите на Агенција за национална безбедност, на Биро за јавна безбедност, на Агенција за разузнавање, раководителот на Служба за воена безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана, заменик началник на Генералштабот на АРСМ, замениците директори на ЦУК и на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и директор на ДЗС.

Раководителот на Групата за проценка, Ангелов, отвори дискусија за проценување на состојбата и утврдување на потребата за продолжување на кризната состојба. Учесниците на седницата, прво имаа кусо реферирање во однос на времетраењето на кризната состојба, а потоа и куса дискусија во врска со  продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија. Предлог заклучоците беа едногласно прифатени, соопштија од ЦУК.

Кризна состојба ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.