Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочо Анѓушев нов претседател на Македонската енергетска асоцијација

0
By НОВА ТВ Balaban on March 18, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 18, 2022 14:24

Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на седницата одржана во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, го избра проф. д-р Кочо Анѓушев, редовен професор на Машинскиот факултет, за нов претседател на МЕА, информираа денеска од Стопанската комора.

Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување придонесува во создавањето услови за стабилно снабдување со енергија, воспоставување транспарентни пазарни односи, иницирање и реализација на проекти кои имаат цел зголемување на енергетската ефикасност и за користење обновливи извори на енергија. МЕА соработува со невладини организации од областа на енергетиката, со научни институции, со факултети и со МАНУ, сѐ со цел унапредување на енергетската област во земјата.

На седницата, која се одржа на 18.3.2022 година во Комората, се дискутираше и за енергетската состојба во државата и за начинот за нејзино надминување. На седницата присуствуваа клучните чинители во енергетската сфера во земјава, кои се осврнаа на моменталната енергетска состојба и изнесоа ставови и проекции за натамошниот развој на состојбите.

Проф. д-р Кочо Анѓушев, како истакнат бизнисмен и човек кој има 20-ина години искуство во оваа област, во услови на драстично зголемување на цената на енергенсите на меѓународните пазари, континуирано и јавно укажува дека Северна Македонија, за да се справи со недостигот на енергенси од сопствено производство (а има капацитет), треба да ја следи (и да почне со примена на тоа што е напишано) во Енергетската стратегија (како државен документ), со среднорочниот и со долгорочниот план предвидени во неа.

 

 

Кочо Анѓушев Македонската енергетска асоцијација МЕА нов претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.