Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професионална дипломатија – три пати повеќе кариерни дипломати од времето на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on December 30, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 30, 2019 16:25

Процесот на пополнување на местата во дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) концептуално е видно изменет и се движи во насока на професионализација. Според статистиката на Министерството за надворешни работи (МНР) од 2017 година досега 87,5 отсто од лицата кои се пратени во странство се кариерни дипломати – 35 од нив се професионални, а само пет политички решенија. За споредба, во периодот 2006-2017 година тој сооднос бил 42,3 отсто, или 33 кариерни и 45 политички решенија.

Притоа, според информации од МНР, од овие 33 кариерни дипломати седум биле вработени во МНР непосредно пред да бидат упатени како амбасадори. Сега таков случај на вработување во МНР,  а потоа инстантно претставување како кариерно решение нема. Се внимава и на дипломатското искуство на лицата кои како дипломати заминуваат во дипломатско-конзуларните претставништва.

Во тој контекст, според податоците, последните 10 амбасадори што биле испратени во 2014 година имаат вкупен стаж од 28 години во МНР, што значи во просек под три години по амбасадор. Последните десет, пак, што биле упатени во рамките на вториот бран назначувања годинава имаат вкупен стаж од 214 години во МНР, каде долги години биле дел од клучните столбови. Според актуелниот закон, минимумот на кариерни дипломати е една третина, додека со новото законско решение што се предлага три четвртини или 75 отсто, процент кој во моментов е надминат.

Според министерот Никола Димитров, овој концепт  е успешна комбинација меѓу принципите и уметноста на можностите, со оглед дека политичките субјекти кои се дел од владината коалиција се еден од факторите во екипирањето на амбасадите. Тие, исто така, имаат заслуга во насока на професионализација на дипломатијата со тоа што оставиле простор за повеќе кариерни решенија. Напредок е остварен и во поглед на родовата застапеност. Претходно имало 11,5 проценти жени, сега тој процент изнесува 27,3.

Инаку, новото Предлог законско решение предвидува амбасадорите кои се политички решенија, со промена на власта да може да им престане четиригодишниот мандат доколку за тоа се договорат шефот на државата и Владата.

„Тие практично се избрани од една политичка гарнитура и се лица од нејзина доверба. Предложивме при промена на власта да може да се прекине четиригодишниот мандат на политичките решенија, но не и на кариерните, бидејќи така би се создала голема несигурност. Ние, да речеме, наследивме многу политички решенија. Таков беше и случајот со Вашингтон каде амбасадор беше вицепремиерот за евроинтеграции во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Васко Наумовски“, велат извори од МНР.

Во овој дел има различни компаративни искуства. Во САД, на пример, при промена на претседателот сите амбасадори депонираат оставка, па потоа тој решава што ќе прифати, што нема.

Имињата на новите амбасадори сè уште официјално не се обелоденуваат зашто не е финиширан процесот на нивно одобрување, односно добивање агреман од земјите каде што се упатуваат на дипломатска служба. Од она што неофицијално се дознава, Дане Талески, актуелниот советник за надворешни работи на премиерот Заев, најверојатно ќе биде амбасадор во НАТО. Тоа би значело дека доколку власта се смени на изборите во април тој може да биде веднаш отповикан доколку дотогаш се донесе новиот закон.

„Може, но само доколку има согласност меѓу Владата и претседателот на државата“, појаснуваат извори од МНР.

Од таму сметаат дека новото законско решение ќе воведе ред и ќе направи предвидливост и јасна кариера за тие што ќе почнат од нула. Она што го издвојуваат како особено важно е издвојувањето на дипломатскиот персонал од системот на јавни службеници, бидејќи тој систем е неприменлив на природата на професијата која има допир со странски елемент.

МНР во моментов е во тивка битка со Министерството за финансии. Сметаат дека дипломатијата не е доволно вреднувана во поглед на ресурсите. Оние 0,53 отсто што се издвојуваат од буџетот се многу пониски и во однос на земјите од соседството, каде сумата што се издвојува се движи и двојно повеќе. Од тие причини е слаба состојбата како со објектите, така и со слабата екипираност на ДКП-та, кои според новото законско решение нема да бидат линеарно поставени, туку фокусот во поглед на екипираноста ќе се стави на важните адреси – соседските земји, државите каде имаме голем економски, но и политички интерес како Германија, потоа Брисел, НАТО мисијата, итн.

Фокусот на МНР и во наредниот период ќе бидат евроинтеграциите откако влезот во НАТО стана извесен. Од таму аплерираат до Собранието да помогне и да го изгласа Законот за јавно Обвинителство.

„На тој законот, акцентот посебно го става Холандија, делумно Франција. Ако политичките партии успеат да го донесат овој двотретински закон и доколку завршат важните судски процеси, тоа ќе ни помогне нашиот случај да стане уште посилен“, велат извори од МНР.

дипломати МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.