Саудиска Арабија беше најпосакуваната репрезентација при ждрепката на групите за претстојното Светско првенство. Се вбројува во редот на најголемите аутсајдери во Русија каде ќе настапи по петти пат на завршните турнири. Најдобриот пласман на „зелените соколи“ е на мундијалот во САД во 1994 година на кој се пробија до осминафинале и ги забележаа и единствените победи засега. Меѓутоа пласманот на СП ова лето беше проследен со многу турбуленции, дилеми и неизвесност.
Присуството на големата сцена го осигураа под водство на Берт ван Марвијк. Но, неколку дена по завршување на кваклификациите, Холанѓанецот влезе во конфликт со Фудбалската федерација и како резултат на несогласувањата поднесе оставка на функција. Националниот тим потоа му беше доверен на Аргентинецот Едуардо Бауза кој се задржа само два месеца на кормилото. Го водеше тимот во пет натпревари по кои доби отказ, па набрзо доби наследник во сонародникот Хуан Антонио Пици.
Централна фигура во тимот е Јахја Ал Шехри, 27 годишен крилен напаѓач, кој е постојано во фокусот на тамошната јавност по репрезентативното деби како тинејџер. Во 2013 година стана најплатен саудиски фудбалер по трансферот од Етифаг во Ал Наср за сума од 9,6 милиони фунти. За ѕвезда во ростерот на Пици, сепак, важи Наваф Ал Абед кој целата своја кариера му остана лојален на Ал Хилал. Од домашната фудбалска сцена, впрочем доаѓаат и најголем број од играчите освен тројца кои настапуваат во шпанска Примера – Салем Ал-Давсари (Вилјареал), Јехја Ал-Шехри (Легањес) и Фахад Ал-Мувалад (Леванте).
Саудиска Арабија е земја која вложува големи средства во домашниот фудбал во последните години. Од финансиски аспект претставува еден вид ветена земја за многу тренерски имиња од Европа меѓу нив и поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски кој беше ангажиран во Најран во два мандата, во Ал Таавон и во Ал Кадисија. „Зелените соколи“ се трикратни континентални прваци. Трофејот на Азискиот куп го освојуваа во 1984 година, во 1988 година и во 1996 година.
Конечен список на Саудиска Арабија за СП 2018
Голмани
Мохамед Ал-Оваис (Ал Ахли)
Јасер Ал-Мусаилем (Ал Ахли)
Абдула Ал-Мајуф (Ал Хилал)
Одбрана
Мансор Ал-Харби (Ал Ахли)
Јасер Ал-Шарани (Ал Хилал)
Мохамед Ал-Бреик (Ал Хилал)
Мотаз Хасави (Ал Ахли)
Осама Хавсави (Ал Хилал)
Омар Хавсави (Ал Наср)
Али Ал-Булаихи (Ал Хилал)
Среден ред
Абдула Ал-Хаибари (Ал Шабаб)
Абдулмалек Ал-Хаибри (Ал Хилал)
Абдула Отаиф (Ал Хилал)
Таисер Ал-Џасим (Ал Ахли)
Хосаин Ал-Могави (Ал Ахли)
Салман Ал-Фарај (Ал Хилал)
Мохамед Кано (Ал Хилал)
Хатан Бахебри (Ал Шабаб)
Салем Ал-Давсари (Вилјареал)
Јехја Ал-Шехри (Легањес)
Напад
Фахад Ал-Мувалад (Леванте)
Мохамед Ал-Сахлави (Ал Наср)
Муханад Асири (Ал Ахли)
Селектор: Хуан Антонио Пици
МЕЧЕВИ НА СП 2018
Русија – Саудиска Арабија (14 јуни, 17 ч.)
Уругвај – Саудиска Арабија (20 јуни, 17 ч.)
Саудиска Арабија – Египет (25 јуни, 16 ч.)
Резултати во подготвителниот период
Германија – Саудиска Арабија (8 јуни)
Саудиска Арабија – Перу 0:3
Италија – Саудиска Арабија 2:1
Саудиска Арабија – Грција 2:0
Саудиска Арабија – Алжир 2:0
Белгија – Саудиска Арабија 4:0
Саудиска Арабија – Украина 1:1
Ирак – Саудиска Арабија 4:1
Саудиска Арабија – Молдавија 3:0
Бугарија – Саудиска Арабија 1:0
Лична карта на Саудиска Арабија
ФИФА ранг листа: 67 место
Прекар: зелени соколи
Настапи на СП: 4
Најдобар пласман: осминафинале во 1994 година
Настапи на Азиски куп: 9
Најдобар пласман: шампиони во 1984 година, во 1988 година и во 1996 година
Најдобар стрелец: Абдула Мајед – 71 гол
Најмногу настапи: Мохамед Деаја – 171 меч
Прв меѓународен меч: против Либан 1:1 во 1957 година
Најубедлива победа: Источен Тимор – Саудиска Арабија 0:10
Најубедлив пораз: Обединети Арапски Емирати – Саудиска Арабија 13:0