Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прогноза на хирургот што ја оперира Квитова: Пауза од 6 месеци

0
By Нова ТВ on December 21, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петра Квитова нема да биде во натпреварувачки ритам во наредните шест месеци. Ваква порака испрати хирургот што ја оперира повредената рака на чешката тенисерка по вчерашниот напад во нејзиниот дом во Простејов.

„Кога говориме за потребно време за опоравување за раката да можеда поднесе натпреварувачки притисок, веројатно се работи за шест месеци. Таа е млада и здрава спортистка, но ова, сепак, е релативно сериозна повреда“, рече доктор Радек Кебрле за медиумите во Чешка.

Портпаролот на Квитова, Карел Тејкал претходно истакна дека четиричасовната интервенција минала успешно и таа е во добро расположение. Чешката тенисерка, моментно на 11 позиција на ВТА листата, беше нападната во нејзиниот дом вчераутро пришто се здоби со расекотина на петте прсти на левата рака со која игра, повредени се два нерва и оштетена е тетива.

Полицијата и натаму трага по сторителот кој е опишан како маж на возраст од 35 години. Некои медиуми објавија неофицијален податок дека напаѓачот заминал од домот на Квитова со околу 5.000 чешки круни што во превод значат околу 160 евра.

 

операција Пауза Петра Квитова тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.