Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прогноза на ОЕЦД: Светската економија оваа година ќе закрепне од пандемиската криза

0
By Sashko on December 1, 2021 СВЕТ
Фото: competitionpolicyinternational.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската економија оваа година ќе закрепне од пандемиската криза, предвиде денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), но оттаму воедно предупредуваат дека оптимистичката перспектива може да биде загрозена од продолжениот период на висока инфлација.

Проценката на ОЕЦД е дека светската економија годинава ќе порасне за 5,6 отсто, во 2022 година би требало да забави на 4,5 отсто, а во 2023 година на само 3,2 отсто, потврдувајќи ја всушност претходната проценка.

Економијата силно закрепнува, а компаниите тешко го одржуваат чекорот со бранот од зголемена побарувачка предизвикан од олеснувањето на епидемиолошките мерки, предизвикувајќи стагнација во глобалните синџири на снабдување и поттикнувајќи ја инфлацијата ширум светот, посочува ОЕЦД.

Инфлацијата само привремено зајакна, проценува ОЕЦД, придружувајќи им се на владите и централните банки ширум светот кои предвидуваат олеснување на цените во наредниот период.

Кога побарувачката и понудата ќе се нормализираат, инфлацијата ќе ослабне, заклучуваат тие.

Главниот ризик, меѓутоа, е дека инфлацијата би можела повторно да не изненади и да продолжи да зајакнува, принудувајќи ги централните банки на водечките економии порано да ја заострат монетарната политика и во поголема мера отколку што се предвидуваше, наведува ОЕЦД.

Доколку овој ризик се намали, инфлацијата како целина најверојатно ќе достигне врв од пет проценти, а потоа постепено ќе слабее на околу три проценти до 2023 година, соопшти организацијата чие седиште е во Париз.

Во тој контекст, во моментов најдобро е централните банки да чекаат да се смират тензиите во понудата и да сигнализираат дека ќе преземат мерки доколку се појави потреба, велат од ОЕЦД.

економија Закрепнување криза ОЕЦД Пандемија проценка Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.