Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Производителите на нафта од Заливот бараат воена поддршка од САД против нападите од Јемен

0
By Mirjana on March 31, 2022 ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Oil pumps in the desrt over dusk sun.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Некои од најголемите производители на нафта од Заливот, вклучително Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, се обидуваат да потпишат писмен договор со Соединетите држави според кој САД би можеле да обезбедат одбранбена поддршка по интензивирањето на нападите од Јемен, објави Блумберг, цитирајќи извори кои имале увид во предлогот.

Главните извозници на нафта во Арапскиот Залив би барале формален договор со Соединетите Држави, велат изворите за Блумберг, иако сметале дека можат да важат проширените и ревидирани билатерални договори за поддршка на одбраната, навел еден од изворите.

Обединетите Арапски Емирати, наводно барале и од Израел да помогне и да се поттикне случајот, навеле  извори на Блумберг.

Од почетокот на годината се случија неколку напади од висок профил врз Саудиска Арабија и ОАЕ. За сите напади одговорноста ја презедоа или им се припишуваат на бунтовниците Хути во Јемен, кои важат за поданици на Иран. 

Во јануари, во напад со беспилотни летала врз ОАЕ, за кој подоцна одговорноста ја презедоа бунтовниците Хути, беа убиени неколку луѓе и разнесени камиони со цистерни со гориво во близина на складишта во сопственост на Националната нафтена компанија Абу Даби (ADNOC).

Тогаш, Соединетите Држави силно го осудија нападот, рече американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, додавајќи дека „Нашата посветеност на безбедноста на ОАЕ е непоколеблива и стоиме покрај нашите партнери од Емиратите против сите закани за нивната територија“.

Неодамна, минатата недела на социјалните мрежи се појавија видеа, кои сугерираат дека бунтовниците Хути лансирале низа проектили врз Саудиска Арабија во петокот наутро кои погодиле нафтена постројка на Саудиска Арамко во Џеда.

Овој напад беше втор таков напад што милицијата Хути го започна во последните пет дена врз објектите на Арамко во Саудиска Арабија. Хутите користеа проектили и беспилотни летала за да гаѓаат најмалку шест локации на Арамко претходната недела, што го натера Ријад да изјави дека не е одговорен за високите цени на нафтата сугерирајќи дека ОПЕК нема намера да го зголеми производството над она што веќе е договорено од картелот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

БАРААТ ВОЕНА ПОДДРШКА ОД САД Блумберг ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА НАФТА ОД ЗАЛИВОТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.