Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на книгата „Сè што би сакал да знаев порано“ на Коста Петров во Филхармонија Кафе Бар

0
By Ана Василевска on October 3, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 3, 2023 11:41

Во Филхармонија Кафе Бар во Скопје, утревечер во 19 часот ќе се одржи промоцијата на шестата книга на Коста Петров, насловена „Сè што би сакал да знаев порано“. На настанот ќе биде промовирана и детската сликовница, која е всушност адаптација на книгата и е прва сликовница на авторот.

„Во секој од нас постои дел што никогаш не расте – детете кое некогаш сме биле. Ова внатрешно дете нè учи да да сонуваме големи соништа, ја буди радоста во нас но знае да донесе и солзи и грижи.  Ова е книга за сите верувања што ги поседува детето во нас и како тие ја обликуваат личноста која сме денес. Но, во одреден момент од нашите животи сите ние треба да одлучиме дали овие верувања и мисли, сè уште ни одговараат како возрасни. Дали нè прават среќни или се преголем товар? Оваа книга е за тој момент кога треба да одлучиме што треба да задржиме а што да оставиме зад себе додека одиме напред во животот.“, пишува во белешката кон книгата.

Коста Петров е интернационално докажан претпримач, автор и мотивациски говорник ширум светот. Тој е основач на Пи Ворлд, водечка креативна агенција со канцеларии во Скопје и Монтреал. Агенцијата е организатор на некои од најголемите светски бизнис настан во 40 земји низ светот и редовно соработува со најголемите глобални брендови. За својата работа и придонес во индустријата, тој два пати беше избран за еден од највлијателните луѓе во индустријата за настани од страна на Конгрес Магазин.

Коста е автор на пет книги и со над 50.000 продадени примероци, тој е еден од најпродаваните македонски автори во последните десет години.

книги Коста Петров Филхармонија бар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.