Просечната месечна нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 31.812 денари и за 11,5 проценти e повисока од просечната плата во истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8  проценти), Стручни, научни и технички дејности (17,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (16,3 проценти).

Според податоците на ДЗС, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,3 проценти), Рударство и вадење на камен (3,9 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,9  проценти).

Во јули годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47.590 денари.