Утрешниот пријателски меч меѓу Германија и Англија во Дортмунд ќе биде последен за Лукас Подолски во дресот на актуелниот светски шампион. На денешната прес-конференција, селекторот Јоаким Лев, меѓу другото, истакна дека играчот на Галатасарај ќе има чест да биде и капитен на „панцерите“.
Подолски дебитира за Германија во 2004 година. Од тогаш одигра 130 натпревари пришто даде 48 погодоци. Лев за натпреварот со Англичаните не може да смета на повредените Мануел Ноер, Месут Езил, Јулијан Дракслер и Марио Гомез.